Иран Фото: ЕПА

Иран: Американските мерки во Ормутскиот теснец се „пиратство“

Иранските вооружени сили ги оценија американските ограничувања за бродовите во меѓународните води како „пиратство“, по заканата на Доналд Трамп за блокада на бродовите што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа.

Портпаролот на армијата изјави дека Иран ќе воведе „траен механизам“ за контрола на Ормутскиот теснец, додавајќи дека пристаништата во Персискиот Залив треба да бидат достапни „или за сите или за никого“. Тој предупреди дека ниту едно пристаниште во Персискиот или во Оманскиот Залив нема да биде безбедно доколку иранските пристаништа бидат загрозени.

Командантот на иранската морнарица, Шахрам Ирани, ја исмеа заканата на Трамп, наведувајќи дека морнарицата „ги следи сите движења на американските сили во регионот“. „Заканите на американскиот претседател, по понижувачкиот пораз на неговата војска во третата наметната војна, се смешни“, се наведува во изјавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот