Почна американската блокада на иранските пристаништа, не се знае како ќе функционира
Ова е уште еден голем и збунувачки пресврт од претседателот Доналд Трамп во последните 24 часа.
Поморската блокада на Иран, наредена од претседателот Доналд Трамп, започна денеска откако САД и Иран не успеаја да постигнат договор за време на директните мировни разговори во Пакистан за викендот, објави „Интелиџенсер“.
Препорачано
Двонеделното примирје меѓу САД и Иран сè уште се одржува, и останува можно двете страни да постигнат договор, но Ормускиот Теснец и натаму е практично затворен, а бидејќи блокадата треба да го спречи извозот на иранска нафта, сè уште не се гледа крај на глобалната енергетска криза и цената на нафтата повторно се искачи над 100 долари за барел. Подолу е најновото за ризичната нова блокада, состојбата со преговорите и што би можело да следува.
Како ќе функционира блокадата?
Ова е уште еден голем и збунувачки пресврт од Трамп во последните 24 часа, па сѐ уште не е јасно како ќе функционира целиот систем. Според Пентагон и според различни извештаи, американската морнарица ќе ги блокира сите бродови што биле во ирански пристаништа или планираат да влезат во нив, со што практично ќе го прекине протокот на иранска нафта во уште еден обид режимот да се принуди да попушти пред американските барања.
Блокадата не важи за други бродови што пловат до и од други пристаништа, но со оглед на тоа што Ормускиот Теснец и понатаму е практично затворен, ова сега би можело да значи целосен прекин на сообраќајот кон и од Персискиот Залив.
Трамп во неделата навести дека и други држави ќе помогнат во спроведувањето на блокадата, но засега нема докази дека тоа навистина ќе се случи.
Од Централната команда на САД имаше повеќе дополнителни појаснувања откако Трамп ја објави блокадата, што укажува на избрзан, ад хок пристап кон една голема и сложена нова американска поморска операција.
Иран се закани со „жесток одговор“ за сите воени бродови што ќе му се приближат на теснецот.
Трамп повторно одбиен од Британците: „Нема да се придружиме на блокадата на Ормутскиот теснец“


