Кривичниот суд објасни како Катица Јанева е пуштена на слобода

Поранешната специјалната обвинителка, Катица Јанева, која е осудена на седум години затвор, од кои веќе четири години е во КПУ „Идризово“, викендов го напушти затворот, а од Кривичниот суд сега ја објаснуваат процедурата по која на Јанева казната ѝ е скратена за осум месеци.

„Заради интерес на повеќе претставници на медиумите околу Условниот отпуст на поранешната обвинителка, правосилно осудена во предметот познат како „Рекет“, ја информираме јавноста дека: На 12.12.2024 година Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на осудената К.Ј., правосилно осудена со предметот КОК 116/19, донесе решение со кое се прифаќа предлогот и на осудената и се дозволува условен отпуст од издржување на затворската казна, кој започнува од 21.12.2025 година, а трае до 21.08.2026 година“, информираат од Крицичниот суд Скопје

„Односно од седумгодишната затворска казна, која ја издржува осудената, дозволен е условен отпуст од 8 месеци“, додаваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот