Криси Тајген и Џон Леџенд по третпат родители: Познатиот пар ги сподели среќните вести на необичен начин! (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Пејачот Џон Леџенд и Криси Тајген го очекуваат третото дете заедно и тие оваа прекрасна вест ја најавија на интересен начин, односно во новиот музички спот на Џон…

Парот веќе има две деца, ќерката Луна и синот Мајлс, но подготвени се уште еднаш да го прошират семејството.

Спотот за песната „Wild кој е објавен го прикажува парот како ужива на плажа и разменува нежности. Меѓутоа, дури на крајот камерата се спушта надолу и ја покажува манекенката како го допира својот стомак.

Во нежниот спот се прикажува и целото семејство како оди по песокот, а обожавателите брзо им ги честитаа прекрасните вести на парот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот