Крис Џенер / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Крис Џенер во потрага по гробно место, сака да изгради семејна гробница покрај трговски центар

Крис Џенер, 70, сака да го задржи своето семејство заедно и во задгробниот живот. Таа го откри својот план за изградба на семејна гробница во неодамнешната епизода од реалното шоу „Кардашијан“, велејќи дека е време семејството да одлучи што ќе се случи откако ќе умрат, пишува „Пипл“.

За да ги истражат можностите, Крис и ќерка ѝ Клое Кардашијан, 41, ги посетија гробиштата за да бараат место. За време на видеоповик со другите ќерки, таа предложи семејството да „изгради гробница само за себе“.

– Како личност која страда од малку опсесивно-компулсивно растројство и сака работите да бидат уредни и организирани, чувствувам дека е моја одговорност како глава на семејството да ги натерам сите да се на иста бранова должина, за да ако се случи нешто, да бидеме подготвени и никој навистина да не паничи“, објаснила Крис.

Таа додала дека знае дека ќе оди во рајот, но мисли дека е „голема работа“ каде ќе заврши нејзиното „земно тело“.

Обидувајќи се да ја убеди Клое во практичноста на нејзината идеја, Крис исто така ја истакна необичната практичност на локацијата, близу до познат трговски центар.

– Само се обидувам да ти го олеснам ова –  рекла таа и додала: Овие гробишта се веднаш до ‘Костко’. Можеш да одиш во ‘Костко,’ да пазариш, да застанеш, да се поздравиш.

Сепак, не се сите во семејството воодушевени од идејата за заеднички гроб. Клое јасно ставила до знаење дека сака да биде кремирана затоа што, кога ја прашала мајка си: „Не би ли претпочитала да ме имаш во мала тегла во твојата куќа отколку да бидам закопана во земја?“

Крис се спротивставила, велејќи дека нејзината најмлада ќерка Кајли, 28, не би го сакала тоа: „Мора да ги земеш предвид чувствата на сите“.

Постарата сестра Кортни, 46, реkla дека сака да биде „закопана“, додека на Ким, 45,  ѝ било сеедно.

– Не ми е гајле – рекла таа, додавајќи: Ако некој ја сака мојата пепел за нешто, секако.

Само Кендал (30) не сакала да ги открие своите желби: „Не сакам да зборувам за смртта. Навистина не можам.“

Реј Џеј ги тужи Ким Кардашијан и Крис Џенер: „Го прекршија договорот од 6 милиони долари за 18+ снимката“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот