Крег Тајли: Рафа Надал ќе игра на „Австралија опен“

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Директорот на грен слем турнирот „Австралија опен“, Крег Тајли, е убеден дека Рафаел Надал ќе игра на овој турнир во 2024 година.

Последен пат шпанскиот тенисер годинава играше токму на „Австралија опен“, по што поради серија повреди ја пропушти практично цела сезона и падна на 240 место на АТП листата.

Тајли откри дека добил потврда од самиот Надал дека следната година ќе се натпреварува во Мелбурн.

Тоа треба да значи дека организаторите ќе му дадат посебна покана.

– Очекуваме враќање на некои великани и шампиони кои отсуствуваат неколку години. Овде ексклузивно можам да откријам дека ќе се врати и Рафа. Тој не играше некое време и во разговорот со него во последните неколку дена добив потврда дека ќе се врати за што сум навистина возбуден. Знаеме и дека Ник Кирjos тренира, па го очекуваме и него – рече Тајли во интервјуто за „Nine today“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот