Кралицата Елизабета видно ослабена – Луѓето стравуваат за нејзиното здравје! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Иако со своето најново појавување во јавноста ги демантираше гласините за лошата здравствена состојба, експертите сепак се загрижени.

Откако кралицата Елизабета се појави во јавноста прв пат по седум месеци, во придружба на принцот Вилијам, нејзиниот изглед ја загрижи јавноста, пренесуваат светските медиуми.

Фото: Профимедиа

Британските нутриционисти истакнуваат дека по нејзините зглобови на нозете и рацете се гледа дека таа загубила околу десетина килограми, што би можело да биде знак дека сепак боледува од некоја болест.

Фото: Профимедиа

Сето тоа се гледало и по нејзината силуета, кога таа ќе се спореди со претходни фотографии.

– Очигледно е дека кралицата изгубила доста килограми. Тешко е да се погоди колку, но би рекол дека станува збор за десетина килограми. Нејзините зглобови и нозе се потенки од било кога, а капутот кој го носеше на себе, а го носеше и на претходни појавувања, изгледаше значително поширок во рацете и подрачјето на абдоменот, вели Вилијам Клоу експертот за кралското семејство.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот