Крај на „Сексот и градот“: Серијата нема да продолжи, објавата на Сара Џесика Паркер ги расплака обожавателите
Франшизата „Сексот и градот“ завршува по повеќе од 25 години, со третата и последна сезона од нејзиниот спиноф „И туку така…“ соопштија актерката Сара Џесика Паркер и сценаристот и режисер Мајкл Патрик Кинг во петокот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-И туку така… континуираното раскажување приказни за универзумот „Сексот и градот“ завршува – напиша Кинг во објавата на инстаграм-профилот на серијата.
„Додека ја пишував последната епизода од третата сезона, ми стана јасно дека ова би можело да биде прекрасно место за крај.“
Според Кинг, одлуката за прекин на серијата е донесена заеднички со главната актерка и извршен продуцент Паркер, како и со извршната директорка на HBO, Кејси Блојс, и Сара Обри, која ја води оригиналната програма.
View this post on Instagram
Сара Џесика Паркер објави долго и поетско проштално писмо на социјалните мрежи до серијата и до централниот лик Кери.
-Кери Бредшо доминираше во мојот професионален живот во последните 27 години. Мислам дека ја сакав повеќе од сè. Знам дека другите ја сакаа колку и јас. Беа фрустрирани, ја осудуваа, ја бодреа“, напиша таа. „МПК и јас заедно препознавме, како и претходно, дека ова поглавје е завршено. „И туку така…“ беше чиста радост, авантура, најубавиот вид на напорна работа со најнеобичниот талент на 380 луѓе, вклучувајќи ги и сите брилијантни актери кои ни се придружија.“
View this post on Instagram
Во својата објава, Кинг рече дека тој и Паркер „ја чувале веста до сега затоа што не сакале зборот „финале“ да го засени уживањето во гледањето на сезоната“.


