Кошаркарски трилер на Мундобаскет, Шпанија прв финалист

Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист на Светското првенство во кошарка кое се игра во Кина. „Црвената фурија“ успеа да се врати од двоцифрена негатива и по две продолженија ја победи Австралија со 95:88.


Австралиските кошаркари во поголем дел од натпреварот беа во водство, имаа двоцифена предност (+11), додека Шпанија првото водство по првата четвртина го имаше на 8.7 секунди до крајот со поените на Марк Гасол за водство од 71:70. Во наредниот напад, Пети Милс по прекршокот над него, погоди само едно слободно фрлање со кое го однесе натпреварот во продолжението.

Во првото продолжението, Австралија успеа да надополни негатива од пет поени и на крајот имаше и шут за победа, но Делаведова не беше прецизен.

Во второто продолжение одлучи денот повеќе за одмор за Шпанија, нивното искуство и неспорниот квалитет со кој брзо направија предност од осум поени и до крајот на продолжението умешно ја одржуваа предноста.

Нарк Гасол го одигра најдобриот натпревар на Мундобаскетот со 33 постигнати поени у шест скокови, Рики Рубио даде 19 поени, а Серхио Љуљ во победата учествуваше со 17 поени.
Најефикасен кај Австралија беше Пети Милс со 32 поени, а Ник Кеј оствари дабл-дабл од 18 поени и 11 скокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот