Кошаркарите на 12 август ќе ги стартуваат мундијалските претквалификации

Фото: kfsm.mk

Мечевите за пласман во главниот дел од квалификациите за Светскиот Куп 2023 година, македонската машка сениорска репрезентација ќе ги игра на свој терен во Скопје. А ФИБА одлучи мечевите во салата на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје ќе се играат со почеток од 19.00 часот.

Според претходно одредениот календар, претквалификациите избраниците на селекторот Драган Бајиќ ќе ги стартуваат на 12 август, против селекцијата на Швајцарија.

На 14 август, сениорите ќе ги одмерат силите и со селекцијата на Словачка, потоа на 16 август ќе го играат вториот дуел против Швајцарците, а на два дена подоцна турнирот го затвораме со со пресметката против Словаците.

Првопласираните две селекции од групата „Ф“ ќе се пласираат во квалификацискиот сегмент за Мундобаскетот во 2023 година.

Може да се додаде уште дека Филип Бакоч е новото име во составот на Бајиќ во базичниот дел од подготовките за настап во претквалификациите.

– Сакам да имаме уште посилен интензитет во оваа фаза од подготовките. И да имаме играч повеќе, особено во оваа уводна фаза од подготовките. Затоа одлучив дополнително да го повикам Филип Бакоч, кој треба да помага на оние крилни позиции во тимот, каде го очекуваме доаѓањето на Џејкоб Вајли. Засега се оди според планот, играчите одлично ги прифатија сите принципи на работа на стручниот тим. Јас сум презадоволен од нивниот однос кон тренинзите. Во Маврово ќе работиме уште два дена, во среда се симнуваме во Скопје – вели Бајиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот