Коронавирусот се враќа на голема врата – новиот симптом ги изненади пациентите
Короната ме „покоси“ по една и пол година, а сè започна синоќа со тапa главоболка. Последниот пат кога го имав вирусот, лежев и кашлав десетина дена, а сега забележав еден нов симптом кој е поинаков, барем во мојот случај — суво грло. Вака Ана од Белград ја започнува приказната за Телеграф.
Препорачано
Во текот на вчерашниот ден се чувствував малаксано, додава таа, но тоа, како што вели, го припишував на замор бидејќи штотуку се вратив од патување.
— На корона ни на крај памет не помислив. Како што одминуваше времето, почна да ме боли главата, а потоа и грлото. Суви уста, суво грло, затнат нос — и сè некако оди брзо. Одеднаш ме фати треска, по што легнав во кревет и се покрив. Во текот на ноќта не можев да заспијам, покрај сувоста во грлото, ме болеа и зглобовите на нозете и рацете. Тоа траеше до три часот по полноќ, а потоа земав лек против болка — објаснува Ана.
Грлото е црвено, главоболката не попушта и чувствувам силен студ, додава таа.
— Утрото исто. Температурата не надминува 37, но грлото и понатаму ме боли, како и зглобовите и мускулите. Лекарот ми рече дека имам корона, да пијам витамини и многу течности и да мирувам. Доколку за два дена не исчезнат симптомите, да се јавам повторно за да вклучиме дополнителна терапија. Мој личен впечаток е дека короната сега прво удира на грлото, и многу е важно кога некој има симптоми да не излегува од дома — и поради себе и поради другите — апелира Ана.
Д-р Бисерка Обрадовиќ, во разговор за Телеграф, објасни дека кај ковидот се јавуваат рапавост, пречки на гласот, болка во грбот и мускулите, болка во грлото и кивање.
— Лекувањето е симптоматско: во случај на главоболка се земаат лекови против болка, при мачнина соодветни лекови, а се препорачува и зајакнување на имунитетот. Антибиотици не смеат да се земаат — појасни д-р Обрадовиќ.
Како што наведе докторката, од праксата се забележува дека бројот на заболени можеби е и поголем од официјалниот, бидејќи многу граѓани избегнуваат тестирање.
— Имаме пораст на заболени од корона, меѓутоа луѓето не сакаат да се тестираат или се јавуваат дури откако ќе им помине вирусот. Во тој број од 193 пациенти, најмногу има луѓе на возраст од 50 до 60 години. Кога кај мене дојде пациент со симптоми на корона, ги интересира како да се лекуваат, а бидејќи лекувањето е симптоматско, најчесто одбиваат да направат тестирање — објасни д-р Обрадовиќ.


