Коронавирусот е адаптиран да инфицира луѓе: Дали тоа е случајност или е виновен човечки фактор?

Кога новиот вирус ќе премине од животни на луѓе тој вообичаено зајакнува како што се адаптира на новиот домаќин. Меѓутоа, од досега необјасниви причини, новиот корона вирус делува совршено адаптиран да ги инфицира луѓето, велат експертите.

Тим од врвни експерти соопшти дека оние кои вршат истражување на потеклото на коронавирусот треба да ја испитаат можноста дали вирусот всушност излегол од лабораторијата во кинескиот град Вухан, епицентарот на пандемијата.

Професорот Николај Петровски, лидер на австралискиот тим, вели дека вирусот не е типичен пример на инфекција која преминала од животни на луѓе, туку дека има исклучителна способност веднаш да влезе во човечкото тело.

Петровски додава дека не може да се исклучи можноста дека вирусот некако избегал од лабораторија за тестирање.

Николај Петровски, професор по медицина на Универзитетот Флиндерс, е лидер на истражувачката единица која следниот месец ќе започне да испитува вакцина врз луѓе.

Според здравствениот експерт кога новиот вирус ќе премине од животни на луѓе тој вообичаено зајакнува, како што се адаптира на новиот домаќин. Меѓутоа, од досега необјасниви причини, новиот коронавирус делува совршено адаптиран да ги инфицира луѓето. Професорот истакнува дека најблиску поврзани познати вируси биле проучувани на институтот за вирусологија во Вухан.

– Во моментов нема доказ дека вирусот „истекол“, но има доволно податоци кои предизвикуваат загриженост. Ваквата можност ќе остане се додека не биде исклучено од опција ваквото сомневање, истакнува Петровски, додавајќи дека не треба да се прескокне лабораторијата во истражувањето на потеклото на пандемијата.

– Ова е или неверојатна случајност или знак за човечка интервенција, додава Петровски.

Ричард Ебрајт, експерт за биобезбедност, истакнува дека шансите корона вирусот природно да добие такви карактеристики се можни, но дека тие се малку веројатни.

Ваквите тврдења ќе поттикнат загриженост дека смртоносниот вирус е произведен во лабораторија со цел да навлезе во човечките клетки.

Овој извештај доаѓа по анализата на податоците на мобилните телефони, од која се испостави дека лабораторијата во Вухан била затворена во октомври минатата година. Во извештајот се наведува дека немало телефонски активности во високо обезбедуваниот дел од вуханскиот институт од седми до 24 октомври 2019 година. Исто така се укажува дека можеби се случил опасен инцидент меѓу шести и 11 октомври.

Американските и британските известувачки служби го истражуваат ваквиот извештај, кој им дава тежина на теориите дека вирусот случајно „избегал“ од лабораторијата откако преминал од лилјаци на луѓе.

Меѓутоа, нема директни докази, кои би потврдиле дека вирусот е излезен од лабораторијата во Вухан. Директорката на лабораторијата Ванг Јањ ги демантираше ваквите гласини. Сепак, таа признава дека на институтот се работело на три живи видови на коронавирус кај лилјаците, но дека ниту еден од нив не е ист со оној кој ја предизвика пандемијата.

– Имаме три живи видови, но ниту еден не е сличен со вирусот Сарс – КоВ – 2, изјави таа, додавајќи дека најблиската сличност со вирусот кој го погоди светот е 79 отсто.

– Нашиот институт прв пат прими клинички примерок од непозната пневмонија на 30. декември. Не знаевме дека вирусот постои. Како би можел да излезе од нашата лабораторија кога никогаш не сме го имале, заклучува Ванг.

Прочитајте:

Лабораториска грешка или контроверзна прехрамбена навика? Што се крие зад теоријата 
на Трамп околу вмешаноста на Кина и коронавирусот?

Шокантен извештај на германските разузнавачи: Си Џинпинг барал од СЗО да сокрие факти 
за коронавирусот?

Исповед на докторката од Вухан која го откри коронавирусот: Се започна откако во 
болницата дојде едно семејство (ВИДЕО) 

Билд објави таен извештај: Кина лажеше за коронавирусот!

Разузнавачките агенции го вперија прстот во Кина: ЦИА тврди дека со закани 
бил вршен притисок врз СЗО

Лабораториска грешка или контроверзна прехрамбена навика? Што се крие зад теоријата на Трамп околу вмешаноста на Кина и коронавирусот?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот