Разузнавачките агенции го вперија прстот во Кина: ЦИА тврди дека со закани бил вршен притисок врз СЗО
По германската БНД и американската ЦИА тврди дека Кина се обидела да ја спречи СЗО да го предупреди светот за епидемијата од корона вирусот во јануари.
Извештајот на ЦИА чија содржина ја потврдиле двајца разузнавачи за „Њузвик“, тврди дека Кина и се заканила на СЗО дека ќе ја прекине соработката во истрагата доколку СЗО прогласи светска здравствена криза.
Ова е втор ваков извештај на западните разузнавачки службии веројатно дополнително ќе ги разгори тензиите меѓу САД и Кина поради пандемијата во која ширум светот починаа 280 илјади луѓе од кои повеќе од една четвртина се Американци.
Претходно германската разузнавачка служба БНД, како што објави Шпигл минатата недела, изнесе обвинувања дека кинескиот претседател Си Џинпинг лично вршел притисок вра генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на 21. јануари.
Светската здравствена организација ги демантираше ваквите наводи, но се уште не даде конкретен одговор на прашањето дали некој од кинеските претставници презел нешто со цел да спречи прогласување светска здравствена криза.
– СЗО своите препораки ги заснова на научна, најдобра пракса на јавното здравство, на докази, податоци и совети од независни експерти. СЗО беше фокусирана на здравјето на сите луѓе во светот, рече портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер.
Тој додаде дека Тедрос и кинескиот претседател Си Џинпинг не се сретнале на 20., 21. и 22 јануари.
Американските разузнавачки претставниц со кои „Њузвик“ разговарал не можеле да потврдат дали кинескиот претседател Си Џинпинг имал некаква улога во вршењето притисок врз СЗО.