Исповед на докторката од Вухан која го откри коронавирусот: Се започна откако во болницата дојде едно семејство (ВИДЕО)

(200416) -- WUHAN, April 16, 2020 (Xinhua) -- Zhang Jixian, director of the respiratory and critical care medicine department of Hubei Provincial Hospital of Integrated Chinese and Western Medicine, receives an interview at the hospital in Wuhan, central China's Hubei Province, March 2, 2020., Image: 514039517, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Shen Bohan / Xinhua News / Profimedia

Жанг Џијан е директорка и докторка на одделението за респираторни болести и итна помош во болница во Вухан и се води за првото медицинско лице кое го открило и пријавило новиот коронавиурс.

Директорката на одделението за респираторни и итни случаи во болницата во Хубеи за интегрирана Кинеска и Западна медицина, реализираше интервју во истата болница за новинската агенција Синхуа.

Д-р. Жанг Џијан / Фото: EPA-EFE/YUAN ZHENG CHINA OUT

Жанг е искусна докторка во болницата во Вухан, а таа е првата која пријавила случај на коронавирус – досега непознатиот патоген кој го напаѓа човештвото, навидум обичен случај на постар пар при крајот на декември.

Како се’ започна?

На 26 декември, постар пар од околна општина ја посетил болницата во Хубеи за интегрирана Кинеска и Западна медицина. Симптомите на жената биле  биле треска, кашлица и умор, кои наликувале на симптоми на грип или пневмонија, а нејзиниот сопруг дошол да се прегледа за умор, бидејќи се чувствувал снеможно, без енергија, вели директорката на одделот за респираторни и итни случаи. Бидејќи и двајцата се чувстувале болно, ги придружувал нивниот син.

Д-р. Жанг Џијан прегледува КТ-скен на пациенти со коронавирус / 31 јануари 2020, Вухан, Кина / Фото: EPA-EFE/YUAN ZHENG CHINA OUT

Но, откако пристигнале резултатите од нивниот КТ-скен, 54-годишната докторка забележала детали кои се поразлични од грипот или пневмонијата.

Посебни пациенти

Искуството на Жанг од 2003 година кога се појави САРС, кога работела како медицински експерт кој испитувал сомнителни пациенти во Вухан, ја направило чувствителна на знаци кои носат епидемија. Откако ги прочитала резултатите од реализираниот КТ-скен на постариот пат, таа веднаш побарала КТ-скен и од нивниот син.

„На почетокот, нивниот син одбиваше да биде прегледан. Тој не покажуваше симптоми на дискомфорт, и сметаше дека го мамиме за да му украдеме пари“, вели Жанг.

Сепак, на нејзино инсистирање, Жанг успеала да го убеди синот и го натерала да биде прегледан. Потоа, докторката го добила доказот за кој се надевала дека ќе биде поинаков: белите дробови на синот ги имале истите абнормалности кои ги забележала на скенот од неговите родители.

Д-р. Жанг Џијан се консултира со колеги за пациенти / 11 март 2020, Вухан, Кина / Фото: Ke Hao / Xinhua News / Profimedia

„Беше невообичаено сите три члена од семејството да ја фатиле истата зараза во исто време, освен ако не станува збор за инфективна зараза“, вели Жанг во интервјуто за Синхуа.

Исто така, еден ден откако постариот пар се пријавил во болницата, на 27 декември во болницата дошол уште еден пациент кој исто така развил симтоми на кашлица и треска, а и неговиот КТ-скен од белите дробови изгледал исто како кај постариот пар.

Откако им земале крв, резултатите на четворицата пациенти индицирале вирусна инфекција. Жанг исто така ги упатила на серија тестови за инфлуенца (грип). Резулатите на сите четворица биле негативни.

Д-р Жанг ја проверува состојбата на пациент заболен со коронавирус / 30 јануари 2020, Вухан, Кина / Фото: EPA-EFE/YUAN ZHENG CHINA OUT

Тогаш, таа напишала извештај до болницата, кој наскоро го доставила до централната област на ниво за контрола за заразни болести и превенција. „Во извештајот пишуваше дека сме откриле вирусна зараза, најверојатно инфективна“, вели докторката.

Наназад, Жанг не можела да знае дека била меѓу првите кои пријавиле за епидемија која се рашири најбрзо и предизвика најекстензивна инфекција од основањето на Народна Република Кина во 1949 година.

Податоците од Светската здравствена организација укажуваат дека до денеска, 18 април, повеќе од 153,822 лица ширум светот починаа од ковид-19, што е за над 130% поголема смртност од вирусот САРС, кој исто така е тип на коронавирус.

АЛАРМ

Во тој периоод, сознанијата за вирусот беа оскудни. Откако го составила извештајот, Жанг го ограничила пристапот во одделот каде ги хоспитализирале четирите пациенти, а побарала и медицинскиот персонал да се заштити.

Откако пристигнале уште три пациенти со слични симптоми и снимки од белите дробови, алармот во болницата станал погласен, што придонело веќе на 29 декември да се одржи панел дискусија од 10 медицински експерти кои ги дисутирале овие седум невообичаени случаи. Нивниот заклучок бил дека станува збор за вонредна ситуација, плус информацијата од два слични случаи во други болници, ја натера болницата да ги пријави овие случаи на општинските и провинциските здравствени власти.

EPA-EFE/YUAN ZHENG CHINA OUT

Откако извештајот пристигнал до властите, истиот ден наредиле епидемиолошка истрага. Тоа попладне, експерти од болницата Џинунтан во Вухан, која е дизајнирана за третирање на заразни болести, ја посетиле болницата и зеле шест од седумте пациенти.

Истиот ден, Жанг наредила на цел медицински персонал кој работи во одделот за респираторни и итни случаи да носат маски, мерка за претпазливост за која од крајот на декември 2019 до крајот на јануари 2020 се веруваше дека помага воопшто да не се заразат.

Д-р Жанг ја облекува заштитната опрема / Фото: EPA-EFE/YUAN ZHENG CHINA OUT

Според официјалниот времеплов на Кина за настани поврзан со коронавиурсот, кој беше објавен на 6 април 2020, Општинската здравствена комисија во Вухан на 30 декември доставила итно соопштение до медицинските институции под нивна надлежност дека во градот има појава на заразна пневмонија од непозната причина.

РЕАКЦИЈА

Националната Здравствена Комисија испратила работна група и тим на експерти во доцните часови на 31 декември во Вухан, за да им помогне и да ги води болниците со новата непозната зараза додека ја истражуваат причината за истата.

epa08180538 Dr. Zhang Jixian checks on a patient in the isolation ward of a hospital in Wuhan, Hubei province, China, 30 January 2020 (issued 31 January 2020). The World Health Organization (WHO) declared the novel coronavirus outbreak in China a global emergency after the numbers of cases and affected countries grew in the past days. EPA-EFE/YUAN ZHENG CHINA OUT

Исто така, на 31 декември, Општинската здравствена комисија во Вухан на нивниот официјален вебсајт приложила соопштение за избивање на зараза од пневмонија од непозната причина, во која пишувало за 27 регистрирани случаи. Во соопштението пишувало и населението да не оди во затворени јавни простори и да не се собира во групи. Јавноста била посоветувана и да носи заштитни маски на лицето при напуштање на домот.

epa08180540 Dr. Zhang Jixian (L) oversees the arrival of meals for patients and medical staff at a hospital in Wuhan, Hubei province, China, 30 January 2020 (issued 31 January 2020). The World Health Organization (WHO) declared the novel coronavirus outbreak in China a global emergency after the numbers of cases and affected countries grew in the past days. EPA-EFE/YUAN ZHENG CHINA OUT

Во февруари, одделот за човечки ресури и социјална заштита на провинцијата Хубеи и Провинциската здравствена комисија и врачиле награда на Жанг за нејзината работа, назначувајќи ја за „првото лице и доктор кој пријавил епидемија во провинцијата“ и го препознале нејзиното лидерство и макотрпна работа во болницата во борбата против ковид-19.

Докторката Жанг, сепак, пробала да ја „намали“ честа.

„Го правев она што треба секој доктор треба да го прави, воден од професионалноста“, вели Жанг.

Погледнете го видеото на кое Жанг накратко објаснува како започна се’:

Видео на денот