Билд објави таен извештај: Кина лажеше за коронавирусот

Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Кина наводно лажела за епидемијата за да ги купи залихите од заштитни маски на меѓународниот пазар пред тие да станат најбарана роба. 

Така барем тврди американскиот таен извештај кој го објави германскиот таблоид Билд, а за вакви обвинувања пред неколку дена пишуваше и Си-Ен-Ен. Станува збор за четири страни од таен извештај на американската Канцеларија за национална безбедност во кои се наведува дека Кина го измами светот и ги криела информациите за коронавирусот за да собере заштитна опрема пред остатокот од светот. 

Неговата содржина сугерира дека Кина ја криела епидемијата на коронавирусот за да се снабди со санитарни производи, меѓу нив и заштитните маски. Билд наведува дека Кина намерно ја намалувала опасноста од вирусот на почетокот на јануари. Во исто време значајно го зголемиле увозот на медицинска опрема и драстично го намалиле извозот.

Истиот извештај вели дека Пекинг, за неприметливо да си осигура простор за маневар со купување на тие производи, со доцнење објавил податоци за тоа. Нарачувале голема количина на заштитни маски, ракавици и хируршки мантили, како и други санитарни материјали кои се потребни во борбата против ширењето на заразата.

Исто така, никој во Светската здравствена организација не бил запознаен со настаните во Кина во време на почетокот на пандемијата. Кина ги замолчи и лекарите кои на почетокот на јануари кои се обидоа да ја предупредат јавноста за појавата на новиот тип на коронавирус, пишува Билд.

Докторот Ли Венлианг (34) на 30 декември пуштил порака преку апликацијата ВатсАп дека седум пациенти во болницата во која работи се заразени од вирус сличен на САРС и дека се во карантин. Во меѓувреме, добил опомена од болницата и полицијата, а на 3 јануари бил повикан во полиција на сослушување поради наводно ширење дезинформации, иако на 31 декември беше прогласена епидемија на коронавирус. Потоа тој се зарази со ковид-19, на 4 февруари беше лажно прогласен мртов, а на 7 февруари кинеските медиуми пренесоа дека починал.

Една од последниците на кинеското однесување е и недостигот на заштитна опрема на светските пазари што ја отежна борбата против вирусот во земјите како Италија и Шпанија, пишува Билд.

Ова не е прв пат германскиот таблоид да пишува дека Кина лажела за коронавирусот. Минатиот месец, уредникот на „Билд“ Јулијан Рајхелт јавно упати критики до кинескиот претседател Си Џипинг, велејќи дека најголемиот кинески извозен хит е коронавирусот.

Главниот уредник на „Билд“ упати порака кон Си Џинпинг: Вашиот најголем извозен хит е коронавирусот (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот