Главниот уредник на „Билд“ упати порака кон Си Џинпинг: Вашиот најголем извозен хит е коронавирусот (ВИДЕО)

Уредникот на „Билд“ тврди дека на реакцијата го поттикнало отвореното писмо кое му го испратила кинеската амбасада во Берлин.

Главниот уредник на германскиот весник „Билд“ тврди дека кинескиот претседател Си Џинпинг, неговата влада и научници моралe да знаат дека коронавирусот е многу заразен, но и дека го криеле тоа од остатокот од светот.

Во екот на пандемијата, кога се повеќе влади низ целиот свет се борат против Кина и нејзините постапки кои, како што тврдат, помогнале на ширењето на коронавирусот, остра порака кон кинеските власти упати главниот уредник на германскиот весник „Билд“ Јулијан Рајхелт.

Уредникот на „Билд“ тврди дека на реакцијата го поттикнало отвореното писмо кое му го испратила кинеската амбасада во Берлин.

Економска штета

Писмото му го упатиле бидејќи во весникот се прашувале дали Кина треба да ја плати огромната економска штета која коронавирусот ја предизвика во светот.

Во својот одговор на нивното писмо, насловен со „драг претседателу Си Џинпинг“, Рајхелт во пет точки го напаѓа Пекинг, без да го штеди кинескиот државен врв.

– Вашата амбасада ми вели дека не се придржувам до „традиционалното пријателство на нашите народи“. Претпоставувам дека за големо „пријателство“ го сметате тоа што великодушно испраќате маски низ целиот свет.

Тоа не е пријателство, тоа јас би го нарекол империјализам скриен зад насмевка, тројански коњ. Вие планирате да ја засилите Кина преку чумата која ја пренесовте. Нема да успеете. Короната ќе биде вашиот политички крај, порано или подоцна, наведе Рајхелт.

Тој вели дека кинескиот претседател Си Џипинг „владее преку надзор“.

  • Вие немаше да бидете претседател без надзор. Ги следите сите, секој граѓанин, ама одбивате да ги следите заразените пазари во вашата земја. Ги затворате сите весници и секој портал кој е критичен спрема вашата власт, но не и штандовите каде се продава супа од лилјаци.

Вие не само што го следите својот народ, вие го загрозувате, а со него и остатокот од светот, вели Рајхелт.

Уредникот на „Билд“ го повика кинескиот претседател заради кратење на слободите. Тврди дека државата која не е слободна, не е ни креативна, ниту инвентивна.

  • Од таа причина вашата земја ја направивте светски првак во крадење на интелектуално сопствеништво. Кина се богати на туѓи изуми, наместо да доаѓа до свои.

Причината зошто Кина нема изуми е бидејќи не дозволувате на младите луѓе слободно да размислуваат. Најголемиот кинески извозен хит, кој никој не го сакаше, но се прошири без обзир на тоа низ целиот свет, е коронавирусот, наведува Рајхелт.

Политичко наследство

Главниот уредник на „Билд“ исто така тврди дека во Кина морале да знаат дека коронавирусот е многу заразен, но дека тоа го криеле.

– Вашите експерти не одговорија кога западните научници сакаа да дознаат што се случува во Вухан. Бевте прегорди и премногу националисти да ја кажете вистината која ја сметавте за национален срам, тврди Рајхелт при што порача дека моќта на Џинпинг се руши.

– Создадовте тајна, нетранспарентна Кина. Пред коронавирусот Кина беше позната како држава на надзор. Сега Кина е позната како држава на надзор која светот го инфицираше со смртоносна болест. Тоа е вашето политичко наследство, вели Рајхелт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот