Лабораториска грешка или контроверзна прехрамбена навика? Што се крие зад теоријата на Трамп околу вмешаноста на Кина и коронавирусот?

epa08180541 Dr. Zhang Jixian (C) checks CT images of a patient at a hospital in Wuhan, Hubei province, China, 30 January 2020 (issued 31 January 2020). The World Health Organization (WHO) declared the novel coronavirus outbreak in China a global emergency after the numbers of cases and affected countries grew in the past days. EPA-EFE/YUAN ZHENG CHINA OUT

Постојат повеќе теории на завера дека коронавирусот е произведен во лабораторија и намерно пуштен, но една од најексплотираните и најчесто посочуваните е секако онаа дека коронавирусот е создаден во лабораторијата во градот Вухан, каде и започна пандемијата.

Вухан, Кина / 30 март 2020 / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Најголем заговорник на оваа теорија е американскиот претседател Доналд Трамп, кој во функција на реторичко-пропагандната војна со Кина, се обидува да ѝ ја наметне одговорноста за пандемијата, во која се заразени повеќе од два милиони луѓе во светот.

Трамп доби дополнителна медиумска поткрепа од американската телевизија Фокс нјуз, според чии истражувања, базирани на разузнавачки информации, се тврди дека коронавирусот потекнува од лабораторијата во Вухан.

Во Фоксовиот ексклузивен извештај, се тврди дека медиумот добил екслузивни сомневања од разузнавачките агенции, кои веќе немаат сомнеж дека изворот на коронавирусот потекнува од лабараторијата во Вухан, информација која ја потврди и американскиот претседател.

Но, во извештајот на „Фокс нјуз, експлицитно се наведува дека не се работи за кинеско биолошко оружје кое е намерно пуштено, или пак избегало од контрола. Се работи за истражување на кинеските вирусолози кои во лабораторијата во Вухан, вршеле проучување на Ковид-19 за научни цели. Целта наводно била да се запознае подобро составот и однесувањето на вирусот, со цел подобро да се справи Кина во случај вирусот да предизвика епидемија, слична на онаа на САРС во 2003 година.

Картонски фугури од Трамп и Си Џипинг со маски во Москва / 26 март 2020, Москва, Русија / Фото:  EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Во исто време, како што наведуваат разузнавачите за „Фокс“, Кина сакала да покаже дека на полето на вирусологијата и останатите заразни болести, има подобри  капацитети од оние на САД.

Според теоријата која ја објави Фокс Њуз се наведува дека коронавирусот излегол токму од лабараторијата во Вухан, преминал од лилјак на човек, конкретно, вработен во лабораторијата, кој  подоцна го раширил низ 11 милионскиот Вухан.

Со слична теорија на оваа произлегоја и британските разузнувачи, според припадник на Кобра (одбор за реакција во кризни ситуации предводена од Премиерот на В. Британија, Борис Џонсон)

Доколку се утврди дека оваа теорија е вистинита, се остава простор дека се точни обвинувањата на Трамп дека Кина криела информации околу избивањето на епидемијата. Доказите и причинителите се уништени, а местото од каде е започнато ширењето на епидемијата, целосно исчистено, без можност да се најдат докази околу евентуалната вина.

Овие наводи се вклопуваат со веќе достапните сознанија околу наводното кинеско криење на епидемијата во почетна фаза, вклучувајќи го и замолкнувањето на кинеските лекари да ја кажат вистината околу опасноста од Ковид-19 вирусот.

Докторот Ли Венлианг (34) на 30 декември пуштил порака преку апликацијата ВатсАп дека седум пациенти во болницата во која работи се заразени од вирус сличен на САРС и дека се во карантин. Во меѓувреме, добил опомена од болницата и полицијата, а на 3 јануари бил повикан во полиција на сослушување поради наводно ширење дезинформации, иако на 31 декември беше прогласена епидемија на коронавирус. Потоа тој се зарази со ковид-19, на 4 февруари беше лажно прогласен мртов, а на 7 февруари кинеските медиуми пренесоа дека починал.

Особено мистериозното замрзнување на бројката на заразени и починати (завчера Кина го промени бројот на починати во Вухан, преку ноќ на бројот на пројавените жртви се зголеми за 50%: од 2 579 станаа 1 290 смртни случаи, или вкупно 4 632 кои починале од ковид-19), како и почетното негирање дека вирусот не се пренесува од човек на човек, тврдења за кои Кина доби подршка и од Светската здравствена организација.

Последен доказ дека Кина и нејзиниот највисок државен врв во почетокот се обидела да ја сокријат епидемијата е документот во кој кинеската Национална здравствена комисија издала налог за прогласување на епидемија. Овој налог стапил на сила дури после 6 дена. До тогаш граѓаните слободно се движеле и така го ширеле вирусот.

Сето ова се случува во пресрет на кинеската Нова година кога во 11 милионскиот Вухан има голема раздвиженост и традиционално  голем број на жителите од овој град масовно патуваат.

Вухан неколу дена пред Кинеската нова година / Јануари 2020 / Фото: Профимедиа

Поради сите овие сознанија американскиот претседател Доналд Трамп го запре финансирањето на Светската здравствена организација која ја обвини дека е соучесник на Кина и го повика Пекинг на одговорност.

Но, американските научници засега се сигурни дека коронавирусот не бил наменет за употреба на биолошко оружје.

Вирусолозите сметаат дека Ковид-19 не е настанат со лабараториска мутација, туку има природно потекло чие генско потекло е произлезено од дивите животни.

Токму во лабораторијата во Вухан се истражуваат вирусите кои можат да бидат пренесени од лилјаците на луѓето, но не се исклучува можноста за коронавирусот да е пренесен на човекот и од автохтоното животно панголин, чие месо често се наоѓа на кинеската празнична трпеза.

Сепак вистината околу причините и последиците на коронавирусот дури допрва ќе треба да „исплива“ во јавноста. Дотогаш, доколку САД успеат да докажат дека епидемијата на коронавирусот е резултат на грешка во лабораторијата во Вухан, а не контроверзна прехрамбена навика, ова откритие со сируност ќе ги затегне и така тензичните меѓународни односи меѓу двете  светски супер сили.

Жанг Џијан е директорка и докторка на одделението за респираторни болести и итна помош во болница во Вухан и се води за првото медицинско лице кое го открило и пријавило новиот коронавиурс / WUHAN, April 16, 2020 / Xinhua News / Profimedia

Прочитајте ја исповедта на докторката од Вухан која прва го откри коронавирусот: Се започна откако во болницата дојде едно семејство (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот