Објавено интервју со шефицата на итната помош во Вухан, кинеските власти се обидуваат да го сокријат

Лекарката Аи Фен од Вухан првпат зборуваше во јавноста, откако имаше забрана јавно да зборува за коронавирусот. Таа веднаш ја воочила опасноста кога првпат се сретнала со привиот заболен и веднаш забележала дека вирусот се пренесува од човек на човек, многу пред тоа и официјално да биде потврдено, пишува „Гардијан“.

Во интевјуто кое властите се обидуваат да го избришат од социјалните мрежи, лекарката Фен, директорка на итното одделение во една болница во Вухан, зборува за своето искуство со коронавирусот од неговото избивање па се до денес, критикувајќи го раководството на болницата што ги прикривало првите предупредувања. Таа ова интервју го даде за кинеското списание „Ренву“ и откри дека била предупредена уште во декември кога своите надредени и колеги ги информирала за појава на вирус сличен на САРС.

Сега кога Ковид-19 однесе повеќе од 3.000 животи во Кина, вклучувајќи и животи на четири доктори од оваа болница, од кои еден и офталмологот Ли Венлианг, свиркач кој се обиде да ја подигне свеста за коронавирусот, Аи одлучи да ја ризикува својата работна позиција и дури да биде ставена во притвор, само за да зборува за состојбата во Вухан.

– Да знаев што ќе се случи, немаше да се плашам од укорот. Ќе зборував за тоа што го знам на сите, каде и да можам – вели таа во ова интервју.

Од вторникот па се до до денес, нејзиното интервју беше споделувано на кинеските социјални мрежи и бришено од нив, а „Ренву“ ја избриша својата објава, додека шефицата Аи не се јавува на телефон. Корисниците на интернет реагираа брзо за да ја зачуваат објавата и започнаа да објавуваат фотографии од текстот.

Нова верзија на интервјуто, која се појави со цел да се избегне цензурата, се прошири на интернет, а една од нив е напишана делумно со емотикони, друго со Морзеовата абецеда, а трета со помошно кинеско латинично писмо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот