Фото: Принтскрин / Икс/@NewsArenaIndia

ВИДЕО | Разорни монсуни во Индија: се сруши станбена зграда, четворица загинаа

Најмалку четири луѓе вчера загинаа во индискиот главен град Њу Делхи, откако зграда во изградба се урна по монсунските дождови кои ја зафатија земјата, објави „Ројтерс“.

Спасувачите подоцна извлекле еден преживеан кој бил заробен под урнатините на зградата.

Индиската метеоролошка служба издаде „црвено“ предупредување за делови од Њу Делхи и соседната држава Харајана, најавувајќи обилни дождови.

Аеродромот во Њу Делхи ги предупреди патниците да одвојат дополнително време за патување поради насобраната вода на некои од патиштата што водат до аеродромот.

Во изминатите неколку дена, неколку индиски држави се соочуваат со екстремни временски непогоди, при што четири луѓе загинаа во јужниот индиски град Вајанад, откако поројните дождови предизвикаа свлечиште.

Во западната држава Махараштра, најмалку 13 луѓе загинаа во инциденти поврзани со дождовите, изјави министер од регионалната влада претходно оваа недела.

Во градот Пуне во Махараштра, во близина на Мумбаи, голема количина отпад се урнала во постројка за третман на отпад. Најмалку седум луѓе биле спасени, а се стравува дека уште деветмина останале заробени.

Во Индија почнаа монсунските дождови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот