Повторно се отвара прашањето: Дали коронавирусот „избегал“ од најнапредната кинеска лабораторија, која се наоѓа во Вухан?

epa08315525 A pedestrian walks past an advertisement for 'Panicky in the UK' displayed on a phone box in Central London, Britain, 23 March 2020. The British government has urged the public to continue to practise public distancing in order to prevent the spread of coronavirus. Countries around the world are taking increased measures to stem the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the Covid-19 disease. EPA-EFE/WILL OLIVER

Американскиот био-експерт проф. Ричард Ебрајт од Инстутот за микробиологија при Универзитетот Рутгерс изјави: Додека документите докажуваат дека Ковид-19 не бил создаден во кинеска лабораторија, постои сомнеж дека овој коронавирус бил откриен таму и „избегал“ додека бил набљудуван.

Некои британски министри стравуваат дека пандемијата можеби била предизвикана од грешка која настанала во кинеска лабароторија, пишуваат британските медиуми.

Извори од тамошните власти откриле дека додека иако научните докази тврдат дека смртоносниот вирус се раширил откако човек се заразил од живо животно во Хуанан, маркетот за диви животни во Вухан, според нив, сепак, oстанала отворена и тезата дека вирусот можеби „побегнал“ од лабораторија во овој град.

Припадник на Кобра (одбор за реакција во кризни ситуации предводена од Премиерот на В. Британија, Борис Џонсон) добил детални класифицирани брифинзи од безбедносните сили за кои вели дека не’ го оспоруваат фактот дека вирусот потекнува од животни, но исто така не ја оспорувал ниту дилемата дали овој вирус се раширил меѓу луѓето откако најверојатно „избегал“ од лабораторија во Вухан.

„Има кредибилно алтернативно гледиште на првичната теорија (дека човек се заразил од живо животно при познатиот маркет за животни и риби, Хуанан) кое се базира на самата „природа“ на вирусот. Можеби и не е коинциденција фактот дека во Вухан се наоѓа најнапредната лабораторија во кина. Тоа не може да се игнорира“, истакнал тој.

Обезбедувањето го чува дури и пристапот кон улицата каде се наоѓа маркетот Хуанан, кој беше затворен во јануари годинава — сега жителите на Вухан се жалат дека маркетот ќе исчезне пред да биде спроведена соодветна истрага /  30 март 2020, Вухан, Кина/ Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Вухан е дом на Институтот за вирологија, најнапредна лабораторија од тој тип на цела територија во Кина.

Институтот вреден над 30 милиони фунти е во непосредна близина на познатиот маркет за кој се претпоставува дека е изворот на вирусот, а се претпоставува дека е еден од најсигурните и најбезбедните оддели за вирологија во светот.

Водечкиот кинески медиум со кој раководи тамошната власт, People’s daily во 2018 објави дека овој институт е „способен за спроведување експериметни со високи патогени микроогранизми, како кај смртоносниот Ебола вирус“.

Научниците од институтот се првите кои сугерираа дека геномот на вирусот е 96% сличен на оној што е најчесто присутен и кај лилјаците.

Но и покрај репутацијата дека оваа институција е под високата безбедност, постојат непотврдени локални извори кои тврдат дека вработени во институтот се заразиле откако се испрскале со инфицирана крв, а потоа ја рашириле заразата кај локалното население.

И за друг институт во истоимениот град, Центарот за Заразни болести во Вухан, кој е на само 5 километри растојание од познатиот маркет за диви животни – се верува дека извршувал експерименти над животни како лилјаци, за да го испитаат пренесувањето на коронавируси.

Американскиот био-експерт проф. Ричард Ебрајт од Инстутот за микробиологија при Универзитетот Рутгерс изјави: Додека документите докажуваат дека Ковид-19 не бил создаден во кинеска лабораторија, постои сомнеж дека овој коронавирус бил откриен таму и „избегал“ додека бил набљудуван.

Проф. Ебрајт истакна дека тој лично ги видел доказите од научниците од Центарот за Контрола на заразни болести и Институтот за Вирологија, кои ги проучувале вирусите на „само второ ниво за безбедност“ и нудат миниманлна заштита против инфекции на лабораториски работници, наспроти препорачаното четврто ниво.

Тој заклучува дека доказите ја поддржуваат тезата дека новиот коронавирус не е создаден во лабораторија, но исто така не ја оспоруваат ниту тезата дека можеби вирусот избегал од лабораторија.

Студија на Универзитетот за технологија во Јужна Кина заклува дека Ковид-19 најверојатно потекнува од Центарот за Контрола на зарази во Вухан, но веднаш по публикацијата, ова истражување беше острането од кинескиот социјален медиум за научници и истражувачи. Исто така, во јануари годинава Пекинг Њуз објави репортажа во која тврдеше дека лицето Хуанг Јанлинг, истражувач во Институтот за Вирологија во Вухан, бил „пациентот нула“ – првата личност која се заразила со Ковид-19.

Оваа репортажа веднаш беше отфрлена како „лажна“ од страна на институцијата, која тврди дека лицето не било вработено кај нив од 2015 година, како и дека тој не е заразен со коронавирус.

Како што растеа сомнежите, Ши Женгли, водечки истражувач на институтот излезе со соопштение во јавноста и рече дека „гарантира со сопствениот живот“ дека епидемијата не е поврзана со лабораторијата, туку како „последица на нечовечките навики“ на некои луѓе.

Засега од „Даунинг стрит“ не ги признаваат тврдењата дека коронавирусот дошол од кинеска лабораторија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот