Конечно добри вести од британското кралско семејство – Ново кралско бебе пристигнува во 2021 година! (ФОТО)

Фото: Инстаграм/Профимедиа

Принцезата Евгенија и Џек Бриксбенк го очекуваат своето прво дете, кое на свет би требало да пристигне во 2021 година.

И Бекингемската палата потврди дека британската принцезата Евгенија и нејзиниот сопруг Џен Бруксбенк го очекуваат своето прво дете.

Фото: Профимедиа

Парот се венчаше во октомври 2018 година, а приновата би требало да пристигне на почетокот на 2021 година, а веста на Инстаграм ја потврди 30-годишната Евгенија.

„Џек и јас сме многу возбудени за почетокот на 2021 година“, напиша принцезата покрај фотографијата на која во рацете тие држат детски обувки во облик на мече.

Фото: Инстаграм

Нивното дете ќе биде и првото внуче на нејзините родители Ендру и Сара Фергусон и деветто правнуче на кралицата Елизабета и принцот Филип.

Фото: Инстаграм

Сестрата на принцезата Евгенија е принцезата Беатрис од Јорк која неодамна се омажи за тајкунот Едуардо Мапели Моци, при што на венчавката ја носеше венчаницата од кралицата Елизабета.

„Нејзиното кралско височество принцезата Евгенија и господинот Џек Бруксбенк со задоволство објавуваат дека на почетокот на 2021 година ќе станат родители. Војводата и војвотката од Јорк, госпоѓата и господинот Бруксбенк, Кралицата и војводата од Единбург се воодушевени од оваа вест“, пишува во службената кралска објава.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот