Концерт со фестивалски фолк рефрени „Незаборав” во Битола

Традиционалната манифестација „Незаборав”, музички концерт со фестивалски фолк рефрени ќе се одржи вечер во НУ Центар за култура-Битола.

Организаторот најави дека 9. издание на „Незаборав” е посветено на битолски пејачи кои настапиле на Фолк фест „Валандово” во периодот од 1985 до 2000 година.

-Секоа година нудиме новина, а оваа година за културната јавност во градот и љубителите на фолк рефрени, уште еднаш ќе се испејат песните на солисти и групи од Битола кои настапиле на Фолк фест „Валандово”. На вечерашниот концерт ќе настапат групите „Калабалак” и „Боеми”, хармоникашот Кирил Стојчевски и солистите Зоран Маневски, Билјана Дамјановска Јанчевска, Сефедин Бајрамов, Бојан Стојков, Елена Тодосиеска и Тамара Стојковска, најави продуцентот Панде Димитровски.

Според архивата на продуцентот Димитровски како битолски автори на музика се потпишани Милко Лозановски, Кире Костов, Петар Ѓеоргиев – Калица, Тоде Новачевски,Михајло Бандевски, Миле Шерденковски, Валентин Соклевски, Миодраг Неќак – Микс, Љубомир Трифуновски, Ѓорги Белџигеровски и Зоран Кузмановски. Битолски автори на текстови на „Валандово фолк фест” биле Илија Алушевски, Ѓорги Белџигеровски, Ѓоко Ѓоргиев, Валентин Соклевски и Петар Ѓеоргиев – Калица, а автори кои создавале песни за битолчани кои пееле на фестивалот во Валандово се Милан Зафков, Григор Копров, Миле Барбаровски, Љупчо Трајковски – Фис, Драги Митев, Зоран Марковски и Илчо Јованов.

Минатата година манифестацијата беше посветена и исполнета со музичкиот репертоар на групата „Битолски конзули”, а во овој период од девет години „Незаборав” бил посветен и на Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски,  Добри Ставревски, Гоце Николовски и Миле Шерденков. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот