Комплетната германска репрезентација во бокс позитивна на корона
Репрезентацијата се заразила на подготовките во Ленгерфелд во Австрија, а позитивни на коронавирус се 19 боксери и седум тренери, јавува германската новинска агенција ДПА.
– За среќа нема сериозен случај, односно немаме заразен во тешка состојба. Некои од заразените имаат благи симптоми на ковид-19, а најголем дел немаат никакви симптоми – изјави спортскиот директор на репрезентацијата, Михаел Милер.
Сите боксери моментно имаат лесни тренинзи во хотелот во кој се наоѓаат во карантин бидејќи никој од боксерите нема симптоми на ковид-19. Целата репрезентација наредните 14 дена ќе останат во карантин во хотелот, а по враќањето во Германија, ќе бидат повторно тестирани пред да ги продолжат подготовките.
– Имаме свое хотелско крило за нас, сопствена кујна како и посебен влуз. Боксерите имаат контакт само меѓу себе – потенцира Милер.