Коки му напиша писмо на Дуле: Сите прашуваат за тебе, не те заборавиле!

Фото: Фејсбук

Вчера навршија точно седум години откако почина Душан Љубисављевиќ- Дуле, пејачот на познатото дуо „Дуле и Коки“. На 23 септември 2013 година, луѓето беа во шок кога медиумите објавија дека почина еден од дуото – виолина и гитара.

Дуле иако скромен, успешно се проби на сцената на која заедно со својот колега како дуо опстојуваа долги години, па за нив слободно може да се каже дека ги сакаа и колегите и пријателите и народот. Ако популарноста се мери според посетеноста на настапите на Дуле и Коки, тој беше ѕвезда, но остана скромното момче од Штип, неговиот град, во кој заедно со Коки на „Макфест“ во 1996, победија со песната „Виолина и гитара.“

Виолинистот Никола Јанков- Коки на својот Фејсбук профил му посвети писмо лично на Дуле, му порача дека не е заборавен и дека и денес додека свири очекува Дуле од некаде да се појави. Во писмото му прераскажа неколку лични нешта, а на крајот му вети дека сепак ова нема да биде последното писмо и дека наскоро ќе му пише пак.

Прочитајте го писмото во целост…

Se vrakam od svirka, od Strumica brat, pa mi se svrte u glavata, i vikam da ti napisam uste edno pismo..ama ova ke bide…

Publiée par Koki Jankov sur Jeudi 24 septembre 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот