Кои се топ-10 милијардерки во 2022 година?

Ретки се милијардерките кои целосно сами го стекнале своето богатство, како што тоа го направи Ријана – неодамна беше прогласена за најмладата само-направена милијардерка во САД.
Сепак, и покрај тоа што многу многу богати жени во светот наследиле добар дел од својата империја, не можат да се им оспорат нивната амбиција, чувство за бизнис и „талент“ да ги задржат сите тие пари.
Објавена е и листата на најбогати жени на планетата за 2022 година, а на првото место повторно се најде Франсоаз Мејерс Бетенкур (69), внука на основачот на „Л’Ореал“, чија нето вредност се проценува на 74,8 милијарди долари.
A Brief History Of L’Oreal And How It Made Liliane Bettencourt And Francoise Bettencourt Meyers The Richest Women In The World https://t.co/kSu7DEJKOP pic.twitter.com/CsXIaJut7V
— maxlhunter (@maxlhunter) August 13, 2020
Второто место го зазеде Алис Волтон (72), ќерката на основачот на „Волмарт“, со богатство вредно 65,3 милијарди долари, а веднаш зад неа е Џулија Кох (60), која заедно со трите деца од сопругот ја наследи империјата „Кох индустри“. Нејзиното лично богатство изнесува 60 милијарди американски долари.

Тука е секако и Мекензи Скот (52), писателка и филантроп, инаку, поранешна сопруга на основачот на „Амазон“, Џеф Безос. Нејзиното богатство вреди 43,6 милијарди долари. Мекензи е позната и по тоа што донира големи износи пари, па дури има и 25 отсто удел во гигантот од областа за е-трговија.

Жаклин Марс (82), која поседува една третина од компанијата „Марс“, најголемиот светски производител на слатки, е на петтото место на листата на најбогати жени во светот. Таа поседува имот во износ од 31,7 милијарди долари. Веднаш по неа е најбогатата Австралијка, „тешка“ 30,2 милијарди долари. Во прашање е Џина Рајнхарт (68), наследничка на компанијата „Хенкок проспектинг“.

Миријам Аделсон (76) е вдовица на Шелдон Аделсон, поранешен извршен директор и претседател на казиното „Лас Вегас Сендс“, кој почина во јануари 2021 година, на 87-годишна возраст. Миријам поседува богатство вредно 27,5 милијарди долари.

Сузан Клатен (60) е моќна претприемачка која стои зад БМВ, поточно поседува 19 отсто во тој производител на автомобили. Проценетата вредност на нејзиниот имот е 24,3 милијарди долари.
И, на крајот, следи Ирис Фонтбона (80), вдовицата на Андронико Лукшиќ, кој своето богатство го стекна во рударството и бизнисот со пијалаци пред да почине од рак во 2005 година. Имотот на Ирис се проценува на 22,8 милијарди долари.
Нне треба да ја заборавиме ниту Абигејл Џонсон (60), извршен директор на „Fidelity Investments“ од 2014 година, кога ја презеде функцијата од својот татко. Нејзиниот имот е во вредност од 21,2 милијарди долари.
Поранешната на Безос не ги штеди парите добиени од разводот: Досега донирала 9,2 милијарди долари