Франсоаз Бетенкур Мејерс: Најбогатата жена на светот и сопственичка на познатиот бренд лежи на милијарди, а наследството ѝ беше предмет на судење

Фото: Профимедиа

Откако Франсоаз Бетенкур Мејерс го презеде водењето на семејниот бизнис, вредноста на акциите на компанијата „Лореал“ се удвои. Но, зад нејзиното богатство се крие приказната за долгите недоразбирања со мајка ѝ, поради кои во еден период постоела шанса да го изгуби целосно.


Француската милијардерка Франсоаз Бетенкур Мејерс (68) е внука на основачот на „Лореал“ и најбогата жена на светот, а трета најбогата личност во Европа. Нејзиното богатство се проценува на 73,6 милијарди долари, според список на магазинот „Форбс“, а го стекна откако го наследи бизнисот од мајка ѝ Лилијан Бетенкур, која титулата на најбогата жена на светот ја носеше до 2017 година, кога почина на 95 години.


„Мајка ми мирно си замина“ – напиша тогаш Франсоаз во соопштението.

Го удвои богатството на „Лореал“

Таа се школувала на студии за култура, а одгледана е како строга католичка. Нејзиното академско образование опфаќа еврејско-христијански односи, како и истражувања на грчката митологија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ? (@posh_life_world)


Напишала книга за грчките богови и осврти на Библијата. Според нејзините зборови, времето е највредниот и ненадоместлив ресурс, а на врвно работно ниво неопходно е да се разбере значењето на времето, да се биде љубопитен и да се контролираат сопствените мисли.

Откако го презеде раководењето на семејниот бизнис во „Лореал“, вредноста на акциите во компанијата е речиси удвоена. Нејзиното семејно богатство се акумулираше на почетокот од 20 век, кога младиот хемичар Јуџин Шулер развил формула за бојадисување коса што ја нарекол „Ореал“. Другото е историја.


Мнозински сопственик е неговата внука Франсоаз Бетенкур Мејерс. Таа е и претседателка на филантропската фондација на семејството, која поттикнува француски напредок во науката и уметноста. Заедно, „Лореал“ и семејството Бетенкур Мејерс се договориле да донираат 226 милиони долари за поправка на катедралата Нотр Дам по пожарот во април 2019 година.

Франсоаз приватниот живот го чува далеку од очите на јавноста, па само се знае дека од 1984 година е во брак со Евреинот Жан-Пјер Мејерс, со кого има два сина Жан и Николас.

Несогласувања со мајката

Фото: Профимедиа

Додека мајка ѝ била жива, тие имале многу несогласувања, а „виновен“ бил францускиот уметник Франсоа-Мерије Баниер, со кого мајка ѝ се зближила и го почестила со подароци во вредност од дури 1,3 милијарди долари. Тука спаѓаат премии од нејзиното животно осигурување, 11 уметнички дела, меѓу кои биле и слики од Пикасо, Хенри Матис, Мондријан, Роберт Делаунај и Легер, фотографија од надреалистот Ман Раи и пари во готовина.

Фото: Профимедиа

Тогаш Франсоаз го тужеше Баниер за искористување на психичката и физичката слабост на нејзината болна мајка за да дојде до нејзиното богатство. Случајот заврши на суд, но сè запре кога Лилијан одби да се подложи на психијатриско вештачење. Во меѓувреме протекоа видео снимки што ги направил Паскал Бонефој, батлерот на Лилијан, и ѝ ги предал на полицијата, а на нив можеше да се чуе дека остарената милијардерка го прогласува Баниер за единствен наследник. Единствено што не би наследил се акциите од „Лореал“, кои веќе биле префрлени на ќерка ѝ и на внуците. Потоа следуваше помирување на мајката и ќерката, па сите тужби беа повлечени. Баниер тогаш беше исфрлен од тестаментот, но набрзо мајката и ќерката повторно се скарале, откако Лилијан изјавила дека на Франсоаз ѝ треба психијатриска помош.

Фото: Профимедиа

Од 2014 година поради нарушеното здравје на Лилијан Бетанкур, контролата над компанијата судски ѝ е доделена на ќерка ѝ. За здравјето на Лилијан се грижел внукот Жан, до нејзината смрт во 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот