Кога ќе се појават на нозете, болеста е веќе во завршна фаза – Трите главни причини за проширени вени

проширени вени
Фото: Profimedia

За да се избегнат компликациите, многу е важно болеста да се лекува во раната фаза, а уште подобро е навреме да се преземат превентивни чекори.

Луѓето кои ги кријат проширените вени со долги здолништа и панталони треба да бидат свесни за една работа – ова не е само естетски проблем, туку здравствена состојба која има свои последици. Покрај отекувањето на нозете, болката и хроничниот замор, проблемот со проширените (варикозни) вени најчесто завршува со операција.

За да се избегнат компликациите, многу е важно болеста да се лекува во раната фаза, а уште подобро е навреме да се преземат превентивни чекори за да не дојде до појава на варикозни вени.

За да се ослободите од проширените вени, прво мора да се ослободите од основната причина. Кинезиолозите велат дека проширени вени главно настануваат како последица на нарушената симетрија во организмот.

Нашето тело е како вага. Во здрава, балансирана состојба, крвта циркулира рамномерно, внатрешните органи и екстремитети добиваат еднаква количина на крв која им обезбедува кислород и потребните хранливи материи. Кога тој баланс ќе се наруши, горниот дел од телото полошо се снабдува со крв, а долниот се снабдува претерано, крвта не може да циркулира нормално и доаѓа до нејзина стагнација, односно задржување. Поради тоа, крвните садови слабеат, вените отекуваат, а пациентот ја добива дијагнозата на варикозни вени, објаснуваат експертите.

Фото: Профимедиа

Тие ги наведуваат главните причини за појава на дисбаланс на циркулацијата, а со дамото тоа и на проширените вени:

Сколиоза

Искривувањето на ‘рбетот има силно влијание на целото тело, па така и на циркулацијата и на сите внатрешни органи.

Рамни стапала

Неправилната позиција на стапалото порано или подоцна доведува до промени на положбата на карличните коски, што за последица има нарушување на циркулацијата.

Слаби мускули

Мускулите кои не се доволно силни, немаат сила да ги одржуваат коските во правилната положба и доаѓа до нивно поместување и нарушување на комплетниот баланс во телото.

Кинезиолозите исто така предупредуваат и на фактот дека проширените вени на нозете се појавуваат во последната фаза, кога состојбата на телото е веќе занемарена. Пред да се манифестира надворешно, болеста прво се развива во внатрешноста на телото.

Првите симптоми на задржување на крвта и лоша циркулација се следниве:

– запек

– хемороиди

– проблеми со цревата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот