Кога душата страда, телото реагира: Ова се симптоми на анксиозност кои не треба да ги игнорирате

Фото: Unsplash

Оние кои страдаат од напади на паника и анксиозност многу добро знаат дека тоа е многу сложена состојба и дека се манифестира на различни начини.

Камран Бед, квалификуван лекар за ментално здравје, ги открива физичките симптоми на анксиозност кои често не сме во состојба да ги поврземе со психолошка состојба.

Режим на замрзнување

Кога некоја ситуација предизвикува вознемиреност, многу често телото може да премине во „режим на замрзнување“.

„Кога тоа ќе се случи, рамената може да се подигнат, мускулите на лицето и вилицата може да се затегнат и понекогаш може да се чувствувате вкочането“, објаснува Камран. „Некои луѓе одеднаш може да се чувствуваат стегнато и напнато и може да изгледа како да не можете да го поместите телото“.

За да го надминете ова, тој предлага дневни лесни прошетки или активност како јога.

Дезориентација

Анксиозноста може да предизвика личноста да се чувствува дезориентирано во просторот.

„Ова може да ја зголеми анксиозноста, па дури и паниката, а доколку не се третира, може да потрае“, предупредува Камран. Тој предлага, во тие моменти, да се фокусирате на своите стапала за да ја вратите рамнотежата и чувството за простор во којшто се наоѓате.

Отежнато дишење

На некои луѓе им е тешко да дишат кога се вознемирени – нивниот здив може да стане краток и забрзан.

„Ова не треба да се игнорира бидејќи не е добро за телото затоа што може да завршите со хипервентилација што може да доведе до напад на паника“, објаснува Камран.

Клучот за брзо подобрување на чувството е „активно дишење“, вели експертот. Ова вклучува лесни, долги длабоки вдишувања низ носот и забавување на издишувањето низ устата како да дувате свеќа.

„Активното и свесно дишење може да помогне да се смири симпатичкиот нервен систем кој можеби преминал во режим на борба или бегство кога е вознемирен. Со 10 до 15 бавни вдишувања можете прилично брзо да ја намалите вашата анксиозност“, вели тој.

Потење на телото

Неконтролираното потење е нормална реакција на анксиозност или стрес. Без разлика дали се работи за дланките, пазувите или челото, сето тоа е потенцијално непријатно.

„Потењето не треба да се игнорира бидејќи тоа е јасен знак дека телото преминува во режим на борба“, вели експертот. „Клучот е да останете смирени, особено со вашите мисли.

Проблеми со спиењето

Вознемирениот ум може да влијае на брзината со која заспивате. Камран вели дека, ако се игнорира, оваа тешкотија со спиењето лесно може да стане вообичаена шема.

„Во текот на подолг временски период, лошиот сон поради анксиозност може да предизвика недостаток на концентрација, замор, па дури и дигестивни проблеми. Еден од клучните начини да му помогнете на вашиот ум да се смири кога одите да спиете е да го замислите вашиот ум како целосно „црн“. Исто како што би го исклучиле полнењето на телефонот или телевизорот. Ова ќе ви помогне да ја намалите менталната активност на вашите мисли за потоа да можете да се опуштите и полесно да спиете.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот