Кирјос пак го шокира светот – сега барем не го „пецна“ Ѓоковиќ! (ВИДЕО)

twitter.com/smh

Ник Кирјос пронајде уште еден начин како да биде во центарот на вниманието, а тоа го направи во рамките од „Лејвер купот“.

Само што помисливме дека не може да направи нешто полоши од глупостите кои досега ги правеше, Кирјос успеа повторно да „се надмине себеси“.

Во текот на прес конференција за медиуми на „Лејвер купот“ и натпреварите помеѓу Тимот на светот и Тимот на Европа во Женева, пиеше пиво додека еден од новинарите му поставуваше прашање.

Првин сите почекаа добро да се напие на „екс“, да го испразни шишето, што предизвика шок во прес салата.

На тоа воопшто не обрнуваше внимание Австралиецот, и потоа одлучи да одговори на новинарското прашање. Погледнете како сето тоа изгледаше:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот