Кирјос едвај дочека пораз на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ не успеа да ја одбрани титулата на Мастерс турнирот во Синсинати, тој во полуфиналето е поразен од Данил Медведев со 2:1 во сетови.

На поразот на Ѓоковиќ, како по обичај највеќе му се израдува контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос.

Откако дозна дека Медведев го совлада Ѓоковиќ, ја посети страната на Инстаграм на рускиот тенисер кој објави заедничка фотографија по полуфиналната пресметка, Кирјос веднаш остави свој коментар „Мојот омилен тенисер “.

Веднаш потоа тој на својот профил на Твитер го испофали Русинот пишувајќи „Медведев е робот. Ѕвер. Чудо. Хаха, константност каква не се гледа. Беше предобар“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот