Кирјос не мирува, кршеше рекети, го навредуваше судијата…(ВИДЕО)

Австралискиот тенисер повторно покажа зашто е лошото момче во светскиот тенис.

Ник Кирјос загуби во второто коло на Местер турнирот во Синсинати од Карен Качанов со 6:7, 7:6, 6:2 но натпреварот ќе остане запомнет поради неговото однесување.

Тој успеа да искрши два рекета, но не на теренот туку во ходникот за време на паузата за тоалет. Потоа доби опомена од судијата дека паузите му траат предолго, по што Кирјос одговори со прозивките кон Рафаел Надал.

„Тоа е лудо. Колку време траат паузите на Рафа Надал? Покажете ми снимка на која тој го почитува зададеното време и веднаш ќе се повлечам од тенисот. Потребни му се најмалку 20 секунди за да се подготви за сервис. Ова е смешно“, му рече Кирјос на судијата.

 

Откако го загуби дуелот со Качанов, контроверзниот тенисер беше бесен на судијата и плукна кон него.
„Ти си една е**на алатка“, му рече Кирјос на судијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот