Кираџиева и Поп Арсова „сребрени“ на Балканијадата во Белград

facebook.com/afm.org.mk

На Балканското првенство во маратон кое се одржа денеска во Белград (Србија) во екипна категорија македонскиот женски тим во состав – Адријана Поп Арсова и Весна Кираџиева го освоија второто место.

Во категоријата жени поединечно Поп Арсова се пласираше на третата позиција освојувајќи бронзен медал, додека Кираџиева се најде на седмото место.

Во машка категорија Марјан Бонев го освои 10 место.

Во рамките на 1. „SERBIA MARATHON“ овој викенд Атлетската федерација на Македонија учествуваше со тројца атлетичари, предводена нашата репрезентација од секретарот Јованче Јанковски.

Ова е уште еден успех од балканските натпреварувања, претходно на Балканското првенство во крос кантри во беране (Црна Гора) во категоријата под 23 години (млади сениори), атлетичарот Дарио Ивановски беше третопласиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот