Кина со рекорден број на спортисти на Олимписките игри

Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Кина веќе обезбеди заминување на 318 спортисти на Олимписките игри во Токио на 224 натпреварувања во 30 дисциплини, објави официјалната новинска агенција „Ксинхуа“.

Кина се очекува да испрати повеќе од 400 спортисти на Летната Олимпијада (23 јули – 6 август 2021 година), што може да го повтори рекордот од Рио де Жанеиро во 2016 година, пишуваат денеска кинеските државни медиуми во вторникот.

Оваа азиска земја атакува на злато во нуркање, пинг-понг, стрелаштво, гимнастика и кревање тегови, а медали се очекуваат и во бадминтон, таеквондо, едрење, веслање, карате, бокс, одбојка, пливање и атлетика. Кинеската машка кошаркарска репрезентација не успеа да се квалификува на Олимписките игри, првпат по 37 години.

Во текот на вчерашниот ден Македонскиот Олимписки комитет ја информираше јавноста дека за шест спортисти е потврдено учеството на престојната Олимпијада:

– Дејан Георгиевски – Таеквондо “А” Олимписка норма
– Магомедгаджи Нуров – Борење слободен стил “А” Олимписка норма
– Јован Стојоски – Атлетика, 400 метри – Универзално место (вајлд карта)
– Пулексенија Јованоска – Карате, Кати – Универзално место (вајлд карта)
– Борјан Бранковски – Спортско стрелаштво – воздушен пиштол 10 м –Универзално место (вајлд карта)
– Арбреша Реџепи – Џудо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот