Кербер во „аут“, Федерер ита кон 100 победа на Вимблдон – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Кербер во „аут“, Федерер ита кон 100 победа на Вимблдон

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, осумкратен победник, денеска во второто коло го совлада Џејк Кларк со 6:1, 7:6 (3) и 6:2.

Федерер ја оправда фаворитската улога против 169 играч на светот, најнеизвесно беше во вториот сет кој што Швајцарецот го доби во тај-брејк.

За великанот ова е 97 победа на терените во „Вимблдон“, до јубилејната „стотка“ ќе дојде ако обезбеди пласман во полуфиналето на грен слем турнирот во Лондон.

Нареден ривал ќе му биде Пуј кој во француската пресметка го елиминираме Барер со 6:1, 7:6 (0) и 6:4.

Во останатите досегашни дуели во машка конкуренција победи забележаа уште Џонсон, Милман, Квери, Струф, Еванс, Кукушкин, Нишокори, Цонга, а Чилиќ загуби од Соуза со 3:0.

Кај жените триумфи имаа Гергес, Конта, Бертенс, Суарез Наваро, Квитова, Риске, Стрицова, Стивенг, Ванг К., Дарт, Барти, а елиминирана е бранителката на титулата од минатата година, Кербер од Дејвис со 2:1.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close