Кенин и Швјонтек ќе играат во женското финале на Ролан Гарос

epa08729814 Sofia Kenin of the USA reacts as she plays Petra Kvitova of the Czech Republic during their women?s semi final match during the French Open tennis tournament at Roland ?Garros in Paris, France, 08 October 2020. EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Американката Софија Кенин и полската тенисерка Ига Швјатек ќе играат во женското финале на Ролан Гарос.

Младата 19-годишна Швјонтек го направи најголемиот успех во кариерата и во сабота ќе се бори за првиот грен слем трофеј откако во полуфиналето ја совлада Надја Подороска од Аргентина со убедливи 6:2,6:1.

Швјонтек стана прва полска тенисерка која ќе игра во финалето на Ролан Гарос, а за победата над 131. тенисерка на ВТА ранг листата и беа потребни само 72 минути игра.

Во второто полуфинале, Американката Софија Кенин доби можност да се бори за својата втора грен слем титула. Шампионката од Австралија Опен со 6:4,7:5 ја совлада Петра Квитова.
Во првиот сет Кенин два пати го одзеде сервисот на противничката и без многу проблеми дојде до 6:4 и водство од 1:0.

И во вториот сет, Американката прва направи брејк за 3:2, но кога сервираше за победа во десеттиот гем Квитова возврати. Сепак, Кенин која беше подобра тенисерка на овој дуел, веднаш во наредниот гем прави рибрејк по што со сигурен сервис дојде до триумф од 7:5 и можност да се бори за втората грен слем титула. Финалето во женска конкуренција ќе се игра в сабота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот