Кендал Џенер призна: „Бев многу љубоморна на сестра ми Кајли“
Кендал Џенер не ја крие повеќе тајната од детството. Познатата манекенка призна дека била „љубоморна“ на помладата сестра Кајли Џенер, бидејќи нивните родители, Крис и Кејтлин Џенер, биле многу помалку строги кон неа, пренесува „ЕЊуз“.
Препорачано
Овие детали беа откриени во најновата епизода на реалното шоу „Кардашијан“.
Присетувајќи се на тинејџерските години, Кајли откри дека често пушела трева со пријателите во семејната куќа во Хиден Хилс, каде што се снимаше поголемиот дел од серијата „Во чекор со Кардашијан“.
„Кајли пушеше трева пред мене,“ раскажа Кендал во епизодата емитувана на 30 октомври. „Бев толку лута на неа. Ѝ реков: ‘Ти си дегенерик!’“
Сепак, 29-годишната манекенка го објасни и вистинскиот причин за својата лутина. „Бев љубоморна. Љубоморна што во тоа време не бев толку слободен дух како што беше таа,“ изјави Кендал.
2015 година
Работите сепак се променија. „На крајот пушев со нив и тогаш се забавував најмногу. Сè беше супер,“ додаде таа. Според нејзините зборови, имале само 16 и 14 години кога тајно излегувале за да пушат.
Попустливи родители
Кајли потврди дека, како најмладо дете во семејството, успеала да избегне многу од правилата. Освен Кајли и Кендал, Крис Џенер ги има и децата Кортни, Ким, Клои и Роб Кардашијан од бракот со покојниот Роберт Кардашијан.
„Крис Џенер дефинитивно стануваше порелаксирана колку повеќе деца имаше, до моментот кога јас се појавив,“ објасни 28-годишната Кајли. „Секако дека ја почитував и се плашев од неа, но можев да се извлечам со многу работи.“


