Кејт Винслет за снимањето на култниот „Титаник“: Навистина се плашев додека работев со него
Кејт Винслет признала дека за време на снимањето на култниот филм „Титаник“ (Titanic) имало моменти кога навистина се плашела од режисерот Џејмс Камерон.
Препорачано
Актерката, која тогаш имала само 21 година, ја толкуваше улогата на Роуз покрај Леонардо Дикаприо, а филмот подоцна стана еден од најуспешните и највлијателни во историјата на Холивуд. Сепак, снимањето не било воопшто лесно.
Во интервју за „Лос Анџелес тајмс“, Винслет раскажала дека деновите на сетот биле исклучително долги и исцрпувачки.
„Снимањето понекогаш започнуваше во пет наутро и траеше до еден часот следното утро. Беше дезориентирачки“, изјавила актерката.
Таа открила дека најтешко било да се справи со темпераментот на Камерон.
„Тој е добар човек, но имаше темперамент каков што не можете ни да замислите“, рекла Винслет.
Според неа, режисерот бил под огромен притисок поради скапата продукција и амбициозната визија за филмот, а тензијата најмногу ја чувствувала екипата зад камерите.
„Мислам дека Џим знаеше дека не може да вика по актерите на ист начин како по екипата, затоа што нашите изведби ќе страдаа“, додала таа.
Актерката признала и дека Камерон бил „многу тежок човек за пробивање“ и дека имало моменти кога „искрено се плашела од него“.
И покрај тоа искуство, Кејт Винслет повторно соработуваше со Џејмс Камерон повеќе од две децении подоцна, во филмот „Аватар: патот на водата“ (Avatar: The Way of Water).
ФОТО | Кејт Винслет е гола во жешките сцени од новиот филм кој се снимаше во близина на Дубровник


