Кејт Мидлтон е најскромна во кралството – Британската војвотка осум години носи еден ист фустан! (ФОТО)

инстаграм

Војвотката од Кембриџ по којзнае кој пат е сликана во својот син омилен фустан од дизајнерката Стела Мекартни.

profimedia

Имено, Кејт Мидлтон, се појавила на јавен настан – локалниот натпревар за фотографии, а и во оваа прилика на себе го имала омиленото парче облека од својот гардеробер – миди син фустан, во кој имавме прилика да ја видиме безброј пати досега.

profimedia

Кејт за прв пат во јавноста го носеше овој фустан во јули 2012 година во посета на Националната галерија, а потоа повторно во август истата година, на еден од натпреварите на Вимблдон.

profimedia

Војвоткта потоа во истиот фустан се појави и во 2014 година на Коменвелт игрите во Глазгов и повторно во 2016 година кога беше сликана со синот Џорџ и сопругот Вилијам.

profimedia

Омилениот фустан на британската војвотка, кој чини 685 фунти, очигледно е парче обелека кое таа навистина го обожава, со оглед на тоа дека таа во него редовно се појавува во јавноста веќе полни осум години, што е навистина чудно за јавна личност, особено за член на кралското семејство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот