Ќе успеат ли македонските компании да ја одржат ликвидноста?

– Постои голема веројатност во текот на мај компаниите да се соочат со проблемот на ликвидност во кој свој удел може да има и Владата, заради најавените прекини на голем дел од договорите, извозот на државата се наоѓа во многу проблематична состојба, вели Пешев.

Македонската економија веќе втор месец функционира во исклучително тешки околности, а се потпира на своите сопствени резерви. Владините мерки и покрај најдобрата волја и намера на Владата се комплицирани и тешко достапни до значаен дел од нашите членки, велат од Стопанската комора на Македонија.

– Постои голема веројатност нашите членки во текот на мај да се соочат со проблемот на ликвидност во кој свој удел може да има и Владата, заради најавените прекини на голем дел од договорите, извозот на државата се наоѓа во многу проблематична состојба, изјави Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија.

Тој додава дека мерките се фокусирани доминантно на правата на работниците и предупреди дека на државата и претстои потешкиот период на совладување на кризата и обновата на економските текови.

– Во тој период цениме дека државата мора да комуницира со својот економски дел кој е единствениот креатор на приходите во буџетот. Ако тој не функционира, нема ни шанса за нормален живот, потенцира Пешев.

Во април, во земјава се регистрирани 7.030 нови невработени, според евиденцијата на Агенцијата за вработување, што е идентично и со бројките во Косово. Во Србија, велат од Стопанската комора на Маедонија, од почетокот на кризата работата досега ја изгубиле околу 6.047 вработени, додека според податоците на Даночната управа на Албанија тој број изнесува 61.000 работници кои ја изгубиле работата како резултат на корона кризата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот