Капитенот Ѓоргиев удри по ОФМ за смената на селекторот: Срамота и греота е

Капитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Никола Ѓоргиев е разочаран од одлуката на Одбојкарската федерација на Македонија да го смени селекторот Никола Матијашевиќ пред претстојниот настап на Европското првенство.
Управниот одбор на ОФМ денеска одлучи да го раскине договорот со селекторот Матијашевиќ и на негово место да го постави Душко Николиќ.
За Ѓоргиев оваа одлука на ОФМ е срамотна и греотна бидејќи репрезентацијата под палката на Никола Матијашевиќ ги оствари најголемите успеси во историјата, играше на ЕП пред две години, а летово по втор пат ќе биде дел од континенталниот собир.
„Срамота и греота е! Две Европски првенства, а пред четири години сонувавме за ЕП. Изгледа со некои луѓе во ОФМ сѐ е можно. Браво!“, напиша Ѓоргиев на својот профил на Фејсбук.

Николиќ е нов селектор на македонската одбојкарска репрезентација

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот