Калуш Оркестра објави: Одиме на турнеја за да собереме пари за Украина, а ќе го продадеме и пехарот

Фото: Инстаграм

Калуш Оркестра најави голема европска турнеја, но и продажба на победничкиот трофеј од Евросонг, се со цел финансиски да ја помогнат својата земја во воената состојба. Победничкиот трофеј ќе биде ставен на аукција, а приходите ќе бидат наменети за поддршка на украинската армија, изјави фронтменот Олег Псјук. Групата дополнително на Инстаграм ќе објави каде ќе се одржи турнејата.

Калуш Оркестра, украинските победници на Евровизија 2022, изјавија дека преку турнеја низа Европа ќе собираат пари за војската и добротворните организации на нивната земја. Фронтменот Олег Псјук изјави дека бендот дополнително ќе објави на Инстаграм каде ќе се одржи турнејата. Тој додаде дека и победничкиот трофеј ќе биде ставен на аукција, а приходите ќе бидат наменети за поддршка на украинската армија.

Да потсетиме, фронтменот на групата што победи, Олег Псјук, тргна директно во војна од ова музичко натпреварување. Оркестарот Калуш победи на „Песна на Евровизија 2022“ и ова е трета победа на Украина на ова престижно натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот