Како Голден стејт ќе упропастеа се и ќе останеа без титулите доколку го донесеа Крис Пол

твитер

Доколку размената се реализираше  „воините“ немаше да играат во големото НБА финале во последните пет сезони.

Голден Стејт вориорс ја одбележаа последната деценија, во последните пет сезони се редовни учесници во големото НБА финале и притоа успеаја да освојат три титули.

Сепак, „воините“ немаше да освојат нитуе една титула доколку се реализираше една размена. Имено, во 2011 година генералниот менаџер на Голден Стејт, Боб Маерс, сакаше во тимот да го донесе Крис Пол кој тогаш се сметаше за најдобриот плејмејкер во НБА.

Пол во тоа време се наоѓаше во кавга со упрата на Њу Орлеанс пеликанс, не сакаше да потпише нов договор и бараше да биде разменет, и тука „воините“ ја видоа својата шанса. Маерс беше подготвен да ги понуди Стеф Кари и Клеј Томпсон во замена за Крис Пол.

Според книгата „Победничка машина“ на Итан Штраус која е посветена на златната генерација на Голден Стејт, управата на „воините“ во неколку наврати се обидела да го размени Стеф Кари и за малку ќе успееја да го направат тоа.

Голден Стејт и Њу Орлеанс се договорија за размена, но бидејќи во договорот на Крис Пол имаше клаузула со која може да одбие размена. Тој на челниците на екипата им порача дека нема шанси да се согласи на таква размена и да се пресели во тогаш една од најслабите екипи во НБА лигата.

На среќа на навивачите на Голден Стејт остана двајцата млади кошаркари.  Кари кој во тие времиња беше во сенка на Монта Елис, израсна во еден од најдобрите шутери на сите времиња, а истото може да се каже и за Клеј Томпсон, и сега се предводници на шампионската генерација.

Откако на екипата беше додаден и Дрејмонд Грин, а потоа дојде и Кевин Гарнет, Голден Стејт доминираше во последните пет сезони и освои три титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот