„Како да се радувам“: Елена Ристеска со срцепарателен спомен за Панчо
Елена Ристеска сподели емотивен спомен за својот колега и пријател Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“, кој почина по последиците од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 14 октомври минатата година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Поп-пејачката се потсети на времето кога заедно го снимија дуетот „Како да се радувам“.
Во објавата, Ристеска сподели дел од видеото од нивната заедничка соработка. Песната, која пред 10 години за кратко време стана голем хит, денес добива нова, подлабока емоционална димензија.

„Како да се радувам“ беше еден од позабележителните дуети на македонската поп-сцена.
„Најголем страв му беше да ги остави децата без татко, како што растеше тој“, рече за „Слободен печат“ поп-пејачката за својот близок другар и соработник, еден ден откако почина.
„Не можам да одберам зборови за да искажам колку сум во неверување и шок. Како да сум во сон и чекам да се разбудам. Многу ми е тешко ова, тешко како планина. Од срце се надевав дека ќе се избори, затоа што знам колку беше борбен во животот. Цело време ѝ пишував на Маја, жена му, надевајќи се дека ќе ми каже дека е добар и дека се вратил дома. Но, сè уште не можам да поверувам дека не успеа овојпат да се избори. Панчо ми беше близок како брат, му се доверував, а и тој мене, дури и за најинтимни работи. Се случуваше да се потскарам со сестра ми, како и сите сестри, а тој ме смируваше и ме помируваше со неа“, изјави Елена.


