Фото: Plannthat

Како безбедно да купувате онлајн за „Црн петок“?

Црниот Петок традиционално носи големи попусти и огромен број онлајн-нарачки, но истовремено претставува и период кога измамниците се најактивни. Според податоците од европските институции за дигитална безбедност, токму последната недела од ноември е најризична за интернет-пазарување поради бројните лажни сајтови, фалсификати и скриени трошоци. За да ги избегнете замките и да ги искористите попустите безбедно, експертите советуваат на што треба да обрнете внимание пред да кликнете „купи“.

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Лончар: Македонија е единствена држава во светот каде „црн петок“ трае цел месец

Најпрво велат дека треба да се купува само од проверени продавници. Најголем број измами се случуваат на лажни веб-страници кои изгледаат како оригинални продавници.
Велат прво проверете дали адресата започнува со https://, дали има заклучено катанче покрај URL-то, дали доменот е исправен (пример: amazon.com, а не amaz0n-shop.net).

Дополнително советуваат да се избегнуваат продавници кои немаат јасно објавени контакти, адреса или политики за враќање.

– Истражете ги продавниците пред да купите, велат во Организацијата на потрошувачи на Македонија.

Пред купување, проверете рецензии од реални корисници, присуство на социјалните мрежи, колку долго постои веб-страницата, дали некој претходно пријавил измама. Јавните форуми и групи за попусти често брзо откриваат сомнителни продавници.

Евтиното секогаш не значи и квалитетно, но не значи и дека ќе ви биде испорачано. Внимавајте на нереално ниски цени. Ако производот чини половина од неговата нормална цена, голема е шансата да е фалсификат, да не ви стигне, да се работи за лажна продавница која собира податоци од картички. Измамниците ја користат желбата за „голем попуст“ како најсилна замка.

За плаќање користете безбедни начини, а најлесен и најбезбеден е со картичка со лимитирани средства. Пред да кликнете „купи“ проверете ги деталите за производот и скриените трошоци. За време на „Црн петок“ многу сајтови рекламираат ниски цени, но наплатуваат висока достава, царини, даноци и доплати за враќање на пратката.

Дали „Црн петок“ ќе го замрси посниот ноември? 

Секогаш проверувајтеи „финална цена“, политика за враќање и рок на испорака. Некои продавници за го продолжуваат рокот на испорака за неколку недели. Не кликајте на сомнителни реклами и линкови. Никогаш не внесувајте број од картичка преку линк добиен преку порака и чувајте ги потврдите, сметките и мејловите. Во случај на проблем, потврдата за нарачка, потврдата од банката и преписката со продавницата се вашиот доказ за рефундација. Многу банки нудат „chargeback“ за измамни трансакции — но само ако имате доказ. „Црниот петок“ е одлична можност за заштеда, но и период кога измамниците се најактивни. Со внимателност, проверка на продавниците и користење безбедни начини на плаќање, можеме да го искористиме овој ден на попусти без ризик.

Безбедноста треба да биде прв приоритет, а попустите – само бонус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот