ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Лончар: Македонија е единствена држава во светот каде „црн петок“ трае цел месец

Маријана Лончар/Фото: Слободен печат

Утре е „црн петок“, денот со најголемите попусти во светот. Во исчекување на утрешниот ден утринската емисија „Слободен печат“ на Слободна ТВ побара одговори од Маријана Лончар претеседател на Организацијата на потрошувачи на Македонија како е во светот, а како нашите продавници го искористуваат денот за да понудат евтина роба за домашните потрошувачи.

Годинава во Америка се очекува потрошувачката да се зголеми за 10 отсто за разлика од лани. Таму се чекаат редови од вечерва.

– Точно е дека кај нас „црн петок“ трае цел месец. Кај нас се практикува овој ден, но со иновативни идеи од страна на трговците. Некои ставаат акциска продажба, некои не, и обично се прави цел месец наместо еден ден. Кај некои има попусти до 70 отсто. Не велам дека не е добро тоа за потрошувачите, но е на граница на измамно пазарно однесување- вели Лончар.

Според неа намалувањето е минимално, граѓаните кај нас се водат по цената, а не по енергетската ефикасност или гарантниот рок.

-Овие акции се добри лани над 100.000 граѓани ги посетија трговските центри на „црн петок“. Посебно треба да се внимава на интернет купувањето. Таму измамите се многу поголеми- вели Лончар.

Со неа разговаравмеза распродажбите, за акциските продажби, за нереалните попусти, за гарантните рокови.

Целото интервју со Маријана Лончар претседателка на ОПМ погледнете го во продолжение: 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот