ВИДЕО | Кајли Џенер проговори по гласините дека сака жени: „Не затворам врата на новите искуства“
Гласините дека Кајли Џенер била во љубовна врска со мажи и жени, кружат години наназад на социјалните мрежи. Американската реалити ѕвезда и претприемачка реши да се проговори на оваа тема во последното гостување на поткастот „In Your Dreams“ на Овен Тиле.
Препорачано
„Постојат цели интернет страници кои мислат дека сакам жени“, рече Кајли, додавајќи дека тоа не е точно, но дека не би имала проблем да го признае доколку беше.
„Разбирам дека за многумина не е лесно да излезат од плакарот. Не велам дека е лесно, но ако би било моето време сега, јас би се отворила доколку беше вистина“, истакна таа.

Кајли се осврна и на коментарите дека тоа треба да го крие од своите следбеници.
„Слушнав навистина чудни работи како: „Тоа е лошо за бизнис“ и бев како: „Што? Како? Не разбираам“ Сè што можам да кажам е дека не сум геј. Не мислам дека ќе бидам, но не затворам врати за искуства во животот“, објасни таа.
Таа додаде дека луѓето понекогаш се сурови кога станува збор за гласините за нејзината сексуалност.
„Не нудат рака на пријателство како: „Еј, ако си, приклучи се“, Тие не се љубезни, туку многу сурови, како: „Што, по ѓаволите, правиш?““, рече Кајли.
Според неа, гласините постојат делумно затоа што таа ја држи во тајност својата љубовна врска и не зборува за неа во јавноста.


