Тимоти Шаламе и Кајли Џенер / Фото: AFF, AFF / Alamy / Profimedia

ФОТО | Среде гласините дека раскинале: Тимоти Шаламе и Кајли Џенер се појавија во усогласени комбинации на премиера на филм

По бројните шпекулации дека актерот Тимоти Шаламе и бизнисменката Кајли Џенер раскинале, двојката конечно стави крај на гласините. Се појавија усогласени, држејќи се за рака и насмеани пред фотографите на премиерата на филмот „Супериорниот Марти“ (Marty Supreme) во Лос Анџелес.

Џенер се појави во тесна портокалова креација на „Кроум Хартс“, со длабоко деколте. Фустанот имаше странични изрези, а таа го искомбинира со сребрен ѓердан со голем крст и неколку помали крвчиња. Изгледот го заокружи со нежна шминка и нејзината препознатлива долга, права, црна коса.

Шаламе, усогласен со долгогодишната партнерка, пристигна во портокалово кожно одело и чизми „Кроум Хартс“. Ѕвездата на новиот филм за шампионот во пинг-понг Марти Маузер како моден додаток носеше торбичка за пинг-понг од истиот бренд.

Тимоти Шаламе и Кајли Џенер на премиерата на филмот „Супериорниот Марти“ / Фото: AFF/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Со појавата на црвениот тепих двојката покажа дека сè уште е заљубена и ги демантираше шпекулациите што се појавија бидејќи не биле видени заедно неколку недели. Според весникот „Дејли мејл“, последен пат биле фотографирани на почетокот на октомври, додека ја следеле утакмицата меѓу „Њујорк јенкис“ и „Торонто блу џејс“ на стадионот „Јенки“.

Гласините за нивната разделба се засилија кога Шаламе реши да избегнува прашања за врската со Џенер, велејќи дека не сака да зборува за приватниот живот.

„Не е од страв, едноставно немам што да кажам“, изјави тој за списанието „Вог“.

Иако на прв поглед необичен пар, нивните имиња првпат се поврзаа во април 2023 година, а јавно се појавија во септември истата година, кога беа фотографирани во страстен бакнеж на концертот на Бијонсе. Сепак, тие се познаваат уште од 2019 година. Иако врската ја чуваат приватна, Џенер редовно присуствува на неговите премиери, како и на доделувањата на Оскарите и Златните глобуси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот