Јавноста во Јапонија се противи на одржувањето на Олимписките игри

EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Јавноста во Јапонија е генерално против одржувањето на Олимписките и Параолимписките игри во Токио, делумно поради стравот од зголемување на бројот на лица заразени со коронавирус, бидејќи скоро 100.000 спортисти и останатите во експедициите ќе влезат во земјата.

Јапонската медицинска заедница е против одржување на најголемиот спортски настан. Главниот владин медицински советник Шигеру Оми рече дека е „ненормално“ да се одржуваат Олимписките игри за време на пандемија.

Во Јапонија досега се вакцинирани само пет проценти од населението. Професионалното списание „Лансет“ покрена прашања во врска со здравствените ризици и ги критикуваше Светската здравствена организација и другите здравствени тела што не зазеле јасна позиција.

Исто така, медицинското списание „Њу Ингланд Журнал“ објави дека одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да ги одржи Игрите не е поддржана од најдобрите научни докази.

Вториот најтиражен весник во Јапонија, „Асахи шимбун“, повика на откажување на Олимписките игри, како и другите регионални весници.

И покрај сите повици и противења, Олимписките игри ќе се одржат. Во договорот за градот домаќин, Меѓународниот олимписки комитет има овластување да го откаже настанот. Доколку Јапонија се откаже, ќе мора да плати надомест на Меѓународниот олимписки комитет, кој најверојатно не би го тужел градот Токио.

Според податоците, Јапонија потрошила 15,4 милијарди долари на организацијата, но државните ревизори тврдат дека бројката е многу поголема.

Се проценува дека откажувањето на Олимписките игри би го чинело М меѓу три и четири милијарди долари изгубени приходи од радиодифузни права. Спонзорите и приходите од радиодифузијата сочинуваат 91 процент од приходите на ИОК.

На странските навивачи им е забрането да присуствуваат на натпреварот, а следната недела се очекува одлука за присуство на домашни навивачи. Олимписките игри ќе се одржат од 23 јули до 8 август во Токио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот