Јаулевски: ВМРО-ДПМНЕ е партија која дава големи шанси на младите

Јован Јаулевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Фото: Принтскрин/Утрински брифинг

Лидерот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулевски во денешното гостување на Утрински Брифинг на „Слободна ТВ“ рече дека свесни се за проблемите со кои што се соочуваат младите во земјава.

– Што се однесува до младите во ВМРО-ДПМНЕ треба да имаме поинаков пристап од во рамки и на партијата и општеството со цел на надминување на проблемите. Сите сме свесни дека младите во Македонија се соочуваат со проблем – пред се иселувањето. Одливот на мозоци е исто така проблем. На осмо место во светот сме што е запрепастувачки. Генерално за сите во Македонија проблем е владеењето на правото и корупцијата, како и проблемот, ако не и коренот на проблемите е образованието и неговиот квалитет“, изјави за Утрински брифинг Јован Јаулевски, лидер на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека УМС активно учествуваат во креирање на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините цели, кои се надминување на споменатите проблеми на среден или подолгорочен рок.

– УМС на ВМРО-ДПМНЕ располага со високо квалитетен образуван кадар. Во таа насока располагаме со огромен број на комисии во рамки на подмладокот. Челните луѓе имаат слух за нашите проблеми и идеи. Токму при изготвувањето на програмата формиравме работна група во рамки на УМС што ги детектира проблемите на терен. Во рамки на комисиите се изготвуваат мерките и решенијата за на крај со експертската комисија на ВМРО-ДПМНЕ се формализираат проектите, вели Јаулевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот