Ја презедовме нафтата, ние сме како пирати, вели Трамп по запленетиот брод на Иран
Претседателот Доналд Трамп изјави дека американската сили од морнарицата дејствуваат „како пирати“, спроведувајќи поморска блокада на иранските пристаништа, наметната од Вашингтон за време на американско-израелската војна против Иран, пренесува Ројтерс.
Препорачано
Трамп ги даде овие коментари додека го опишуваше запленувањето на бродот од американските сили, кое се случи пред неколку дена.
„Го презедовме бродот, го презедовме товарот, ја презедовме нафтата. Тоа е многу профитабилен бизнис. Ние сме како пирати. На некој начин сме како пирати, но не се шегуваме“, посочи тој.
Некои од бродовите на Техеран беа запленети од САД по напуштањето на иранските пристаништа, заедно со санкционирани контејнерски бродови и ирански танкери во азиските води.
Иран ги блокирал речиси сите бродови што минуваат низ Ормускиот Теснец, освен сопствените, од почетокот на војната. Трамп воведе посебна блокада на иранските пристаништа.
Почна американската блокада на иранските пристаништа, не се знае како ќе функционира
САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари. Иран возврати со сопствени напади врз Израел и врз земјите од Заливот кои се домаќини на американски бази. Американско-израелските напади врз Иран и израелските напади во Либан усмртија илјадници и раселија милиони луѓе.
Прекин на огнот беше воспоставен на 8 април со посредство на Пакистан, но преговорите што се одржаа во Исламабад кон средината на април не доведоа до договор. После тоа, Трамп, на барање на Пакистан, еднострано го продолжи прекинот на огнот на неодредено време.
Војната ги зголеми цените на нафтата и доведе до блокада на Ормускиот Теснец, клучна точка низ која поминуваат околу 20% од глобалните испораки на нафта и течен природен гас.
Драстичен скок на цената на нафтата по обновените тензии меѓу САД и Иран
Трамп, кој даваше променливи рокови и цели за војната што останува непопуларна во САД, се соочи со широка осуда поради своите изјави за конфликтот, вклучително и кога минатиот месец се закани дека ќе ја уништи целата цивилизација на Иран.
Многу американски експерти минатиот месец изјавија дека американските напади врз Иран може да претставуваат воени злосторства, откако Трамп се закани дека ќе таргетира цивилна инфраструктура.
Последно, на вчерашниот брифинг одржан во Ситуациската соба на Белата куќа, беа разгледани опции, вклучително и „краток, но моќен бран напади“, доколку претседателот одлучи да ги продолжи воените операции.
Според овие планови, целите би можеле да бидат преостанатите воени капацитети на Иран, политичкото и военото раководство, како и клучната инфраструктура. Во исто време, Пентагон разгледува дополнително распоредување на модерно оружје во регионот, вклучувајќи ја и новата хиперсонична ракета „Темен орел“, која има дострел од околу 2.700 километри и може да погоди далечни цели, како што се преостанатите системи за лансирање на балистички ракети.
Присуството на американските бомбардери Б-1Б Лансер, кои можат да носат голема количина оружје, вклучително и хиперсонични ракети, веќе се зголемува во регионот, што дополнително ја зголемува борбената готовност на Соединетите Американски Држави.


